Испадот на блок во РЕК Битола е поради дефект
Објавено во: Македонија 28 Април, 2018 15:24
Во врска со испад на блок во РЕК Битола oд МЕПСО информираат:
- Во 1:34 часот денеска (сабота 28 април) во Националниот диспечерски центар регистрирана е безнапонска состојба во 400/110 киловолтната трансформаторска станица „Битола 2“. Станува збор за дефект на елемент од преносната мрежа (мерен струен трансформатор) во таа постројка. Согласно со протоколите за работа веднаш реагирала релејната заштита и ја исклучила трансформаторската станица од преносната мрежа. Заради тоа е исклучен од мрежа и блокот во РЕК Битола. Дежурните екипи на МЕПСО веднаш реагирале и го санирале за еден час дефектот, по што постројката е вклучена под напон во 2:45 часот. Блокот во РЕК Битола, согласно со процедурата за пуштање во погон на термоелектричната централа, е синхронизиран на преносната мрежа во 11:50 часот.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




