16 Декември, 2025
0.6451

ИТ компаниите во земјата – главна тема на средбата на Ивановски и бизнисмените

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2015 16:02

Добивај вести на Viber

Денеска Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска остварија средби со  компании од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори, на кој учествуваа и претседателот на комората, Саша Огненовски и извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

На средбата тие покренале прашања од интерес на ИТ компаниите во земјата, кои во наредниот период ќе бидат вклучени во новите владини проекти за развој на информатичкото општество.

„Станува збор за повеќе проекти преку ИПА финансирањето, а апликацијата е веќе доставена до ЕУ, со која бараме финансирање на голем број електронски услуги. Со воспоставувањето на Системот за интероперабилност, во кој моментно се одвиваат две надградби, ќе се овозможи поедноставно креирање на електронски услуги. На тој начин, граѓаните ќе можат по електронски пат да ги добијат услугите што ги нудат компаниите“ – изјавил министерот Ивановски.

Тој очекува дека бизнис заедницата ќе се вклучи во развивање на софтвер за набавка на 300.000 таблети за образованието, за кои постапката треба да почне во август оваа година.

Претседателот на ИКТ комората, Саша Огненовски истакна дека компаниите пројавуваат голем интерес за примената на Законот за архивско работење, кој треба да ја намали бирократската процедура за малите и средните претпријатија.

„Очекуваме придобивки за компаниите во Македонија, а секоја можност што ќе се отвори за бизнис заедницата е добредојдена. Со претставниците на МИОА ќе имаме разговори во рамките на кои ќе дадеме сугестии што повеќе домашни фирми да бидат вклучени во проектите.„- рече Огненовски.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив