Иванов уште не се предомислува за мандатот, кризата го допира дното
Објавено во: Македонија 06 Март, 2017 12:07
Македонија виси на работ над провалија. Од ден на ден станува се потензично на протестите кои ги организира иницијативата За заедничка Македонија, а шефот на државата ја слуша матичната партија и откако доби пораки и од Брисел да му го довери мандатот за формирање на влада на опозицискиот лидер, тој не се предомисли.
Денеска тече рокот и за распишување на локалните избори, а нема кој да ги распише.
За да се испочитува рокот денеска треба да продолжи конститутивната седница на парламентот која беше одржана на 30 декември и на која само беа верификувани мандатите на пратениците, а не беше избран претседател.
Претседателот на Собранието е тој кој што треба да ги распише изборите, а тој треба да е изгласан од најмалку 61 пратеник од актуелниот парламентарен состав.
Меѓутоа, за денеска нема најави дека пратениците ќе влезат во Собранието.
Покрај најавите на опозицискиот лидер пред неколку дена, оваа можност не е исклучена.
Доколку претседателот Иванов не ја преиначи цврстата одлука за мандатот, тогаш СДСМ и партиите кои и дадоа потписи ќе влезат во Собрание, ќе изберат претседател на Законодавниот дом, влада и мандатар.
Меѓутоа, по најновата политичка криза во која падна Македонија после декемвриските избори се е неизвесно.
Партиите победнички имаат различни ставови за прашања што понатака, па така ВМРО ДПМНЕ смета дека заедно со локалните треба да се распишаат и нови вонредни парламентарни избори, кои ќе бидат одржани во мај.
Ова барање Груевски го испорача откако не му појде од рака да договори коалиција со традиционалните партнери, ДУИ и Али Ахмети за формирање на нова влада.
Договор за поддршка на нова влада со албанските ДУИ и БЕСА успеа да постигне лидерот на СДСМ , на кој шефот на државата одби да му го предаде мандатот, бидејќи ја смета за неприфатлива „Тиранската платформа“.
Се работи за документ кој го потпишаа сите албански парламентарни партии, а со кој поддршката за состав на нова влада е условена со барањата кои на Албанците ќе им дадат многу поголеми права, што за Иванов и Груевски е неприфатливо.
СДСМ, пак смета дека Иванов не е клучна фигура и дека владата може да ја формира парламентот, доколку биде избран претседател.
ДУИ стои на ставот дека локалните избори не треба да се одложат, и дека рокот за нивното распишување треба да се испочитува.
Македонскиот устав, имено, дозволува Собранието со двотретинско мнозинство да може да го промени Изборниот закон.
Парламентот брои 120 пратеници. Најмногу, или 51 пратенички мандат има ВМРО ДПМНЕ , СДСМ има 49, ДУИ 10, па следат БЕСА и другите албански партии.
Зев прифаќајки ја албанската платформа успеа да обезбеди поддршка за формирање на нова влада со 67 пратеници, шест повеќе од неопходниот број.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




