16 Декември, 2025
0.0405

Избран е новиот дизајн на македонско слатко – доби награда од 200.000 денари!

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2014 14:08

Добивај вести на Viber

Големото „Браво сине!“ и наградата од 200.000 денари за најдобро креативно решение и дизајн на амбалажата на Слатко со идентитет ја доби Далибор Смилевски (21) од Кичево, кој на идејното решение работеше заедно со Мартин Стојмировски (22) од Кочани. На своето победничкото решение Смилевски и Стојмировски работеле повеќе од еден месец, анализирајќи ги и актуелните состојби на пазарот. Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставниците на Skopje Design Week (SDW) и претставникот на компанијата „Јоми фуд“ ги разгледаа и оценија сите пристигнати решенија, по што беше избрано победничкото. На отворениот повик за изработка на дизајн за амбалажа на Слатко со идентитет, во потесна конкуренција влегоа 26 креативни решенија. Овие 26 решенија ги содржат сите елементи што беа пропишани во условите за учество на отворениот повик кој траеше од 18 јули до 1 септември годинава. Согласно критериумите на јавниот повик се бараше изработка на предлог дизајн на амбалажа за слатко од седум видови овошје од асортиманот на „Јоми фуд“, ексклузивно пакување и промотивен постер. Наградениот дизајн компанијата „Јоми фуд“ ќе го аплицира на своите производи во следниот период, по што слатката од седум видови овошје со нов изглед ќе се најдат во продажба. Наградата од 200.000 денари за првонаграденото решение ја доделува Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“. „Навистина сме многу задоволни, бидејќи нашата највисока цел, да дадеме поддршка на младите креативци и да го поттикнеме нивниот ентузијазам, е постигната, а со тоа и мисијата на Иво Лауренчиќ продолжена понатаму. Покрај овие две цели, оваа платформа придонесе за зајакнување на свесноста кај домашните компании да креираат производи со идентитет, се гради мостот за поврзување на креативноста и бизнисот во функција на взаемниот и јавниот интерес, но и повторно се потсетуваме на нашите автентични домашни производи, во случајов нашето традиционално слатко. Поставивме пет високи цели, секоја подеднакво важна, заедно со сите партнери и поддржувачи на идејата, продолжуваме и следната година“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ Првонаграденото, заедно со уште 10 решенија што влегоа во потесна конкуренција, ќе бидат изложени во просторот на „Браво Сине!“ на годинешното издание на Skopje Design Week, што ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли ан во Скопје. Skopje Design Week е партнер на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“. „Главна мисија на Skopje Design Week е истакнувањето на потенцијалот на дизајнот и креативноста во секојдневниот живот, но и примена на дизајнот во индустријата, како можност за нова додадена вредност на производите. Оттука, ние ќе продолжиме да даваме поддршка на вакви проекти и во иднина, бидејќи веруваме во потенцијалот на младите креативци“, изјави Марта Наумовска Грнарова, претставник на Skopje Design Week. Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ - „Браво Сине!“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академската заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ - „Браво Сине!“, во насока на исполнување на овие цели.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив