Изгласан ребаланс на буџетот - пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Објавено во: Македонија 06 Август, 2017
Собранието попладнево го изгласа ребалансот на Буџетот за 2017 година, со 61 глас „за“ и двајца против.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала и не присуствуваа на гласањето.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски обвини дека тие нема да гласаат за буџетот затоа што според нив мнозинството не покажало демократија, со одбивање на сите поднесени амандмани.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овој ребаланс на буџетот нема да има никаков економски раст и нема да биде завршен ниту еден проект. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека се кратат пари за образованието, здравството и промоција на државата, а сметаат дека ќе има партиски вработувања за сметка на сето тоа.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски вели дека ребалансот на буџетот е прв чекор кон градење на подобро општество затоа што предвидува ограничувања и кратења поради зголемениот јавен долг.
Објаснува дека ребалансот ги крати непродуктивните трошења на Владата и институциите за 122 милиони денари, но и други расходи за 257 милиони денари.
Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2%, буџетски дефицит на 18,57 милијарди денари, додека вкупните приходи се ревидирани за 2,87 милијарди денари и капиталните расходи се ревидирани на 23, 4 милијарди денари.
За ребалансот на буџетот пратениците распрваа пет дена.
Можеби ќе ве интересира
НОВ СЛУЧАЈ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Гостиварец ги претепал мајката и сопругата

КОНЕЧНО, ЗА ДЕЦАТА, МЛАДИТЕ И ТРУДНИЦИТЕ ИМА СЕНЗОРИ ЗА ДИЈАБЕТЕС: Ќе заврши боцкањето по неколку пати на ден, Диме Велев за Фактор

УБИСТВОТО ВО КОЧАНИ Е ФЕМИЦИД! Платформа за родова еднаквост бара преквалификување на делото

БЕСПЛАТНИ ЕХО-КАРДИОГРАФСКИ ПРЕГЛЕДИ НА ДЕЦА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
„КАНЦЕРОГЕНОТО МЛЕКО СЕ ВРАЌА ВО СРБИЈА“: АХВ вели Трипуновски лажно шири паника

МАЛАТА МАЈА МАГДАЛИНА ГО ДОЧЕКА ФИЛИПЧЕ СО НАСМЕВКА: Ја оперираше пред два дена

ПРВОТО КОЛО ОД „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ НА 2WIN.MK ВЛЕЗЕ ВО ЗАВРШНИЦА

РАШЕЛА МИЗРАХИ ЌЕ РАКОВОДИ СО АНКЕТНАТА КОМИСИЈА - пратениците ќе го истражуваат скандалот на Онкологија

МЕЧКИ НАПАЃААТ ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ: Ќе се прогласува кризна состојба!
