ЈА ОБВИНИ ВЕНЕЦУЕЛА ДЕКА МУ ИСПРАТИЛА ОПАСНИ КРИМИНАЛЦИ: Tрамп воведе царини и за оваа земја

Објавено во: Економија 24 Март, 2025 19:45
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска најави воведување секундарни царини за Венецуела.
Обвини дека земјата тајно испратила десетици илјади членови на криминални банди во САД, јавува Anadolu. Трамп кажа дека Венецуела покажала „многу непријателски“ став кон САД и дека испратила голем број опасни криминалци, вклучително и членови на уличната банда Трен де Арагуа, која тој ја нарече странска терористичка организација на почетокот на јануари.
„Меѓу бандите испратени во САД е Трен де Арагуа, која е прогласена за странска терористичка организација. Во моментов работиме на нивно враќање во Венецуела - тоа е голема задача“, изјави Трамп.
Тој најави царини од 25 отсто за секоја земја што ќе продолжи да купува нафта или гас од Венецуела, кои стапуваат во сила од 2 април. Трамп откако стапи на власт предизвика контроверзии не само со царините, туку и со идејата Гренланд и Канада да бидат дел од САД.
Можеби ќе ве интересира
Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ
