28 Септември, 2024
0.0275

ЈСП ги демантира медиумите за зголемените цени на билетите

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

„Во текот на оваа седмица, низ медиумите се објавија дезинформации за покачување на цените на услугите на ЈСП СКОПЈЕ“, реагираат од оваа институција.

Тие информираат дека новите предлог-цени на билетите се следните:

  • Билет за едно возење, цената се унифицира за сите зони на 35 денари, односно цената за втората зона (приградски линии) се намалува од 40 на 35 денари;
  • Билет за ноќно возење, цената останува иста,односно 40 денари;
  • Билет за 10 возења, цената останува иста, односно 250/300 денари во зависност од зоната;
  • Месечен билет, цената е намалена за 60 денари во прва зона (од 1460 на 1400 денари), односно 80 денари за двете зони (од 1680 на 1600 денари);
  • Месечен билет за деца без родители, цената е намалена за 30 денари (од 730 на 700 денари);
  • Сезонски месечен билет за студенти и ученици за месеците Јули и Август, цената е намалена за 20 денари (од 620 на 600 денари);
  • Годишен билет, цената е намалена за 660 денари (од 16060 на 15400 денари). Исто така, годишниот билет ќе биде со важност од 12 месеци од моментот на купување на истиот.

Оттаму соопштија и дека се планира  воведување и на нови типови на билети, и тоа:

  • Временски билет за 90 минути (менување на автобуси), цената ќе изнесува 60 денари, што значи дека со промена на 3 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 20 денари; за промена на 4 автобуси, просечната цена на возење ќе изнесува 15 денари итн;
  • Дневен билет за прва, односно двете зони ќе биде 120/150 денари во зависност од зоната, што значи дека доколку некој се вози во просек 5 пати во денот, просечната цена на билетот ќе изнесува 24, односно 30 денари од возење;
  • 7 дневен билет ќе изнесува 500 денари за прва зона, односно 600 денари за двете зони, што во просек би чинело 19,23 односно 23,08 денари. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и билет за жичарница и лифт во два правци;
  • 3 месечен билет ќе изнесува 4,000 денари за прва зона, односно 4,500 денари за двете зони или во просек би чинело 21,62 односно 24,32 денари по возење. Исто така, со овој билет секој корисник ќе добие и 3 билети за жичарница и лифт во два правци;
  • 6 месечен билет ќе изнесува 7,800 денари за прва зона, односно 8600 денари за двете зони или во просек би чинело 21,67 односно 23,89 денари по возење;

 Од ЈСП Скопје во соопштенито до медиумите напоменуваат дека моменталната цена на билет купен кај возачот останува иста се до вклучувањето на приватните превозници во Системот за електронска наплата.

„Во однос на висината на цената на билетите купени кај возачите, напоменуваме дека со воведување на новиот систем за електронска наплата се менува начинот на наплатата и сите редовни корисници на Јавниот градски превоз е потребно да поседуваат електронска картичка со чие користење им се овозможува да ги користат сите типови на билети по погоре дадените цени“.

Тие потенцираат дека со овој систем значително ќе се намали обемот на работата на возачите на автобусите кои во моментов покрај нивната основна дејност – возењето, мораат и да продаваат билети тврдејќи дека со ова значително ќе зголеми безбедноста во сообраќајот и ефективноста на возачите.

„Билетот кој се купува во возило е предвидено и понатаму да може да се купи имајќи ги предвид патниците кои доаѓаат од другите градови во Македонија и од странските држави да можат да ја користат услугата на градскиот превоз во град Скопје, без притоа да мораат да извадат електронска картичка“, велат од ЈСП Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД