19 Декември, 2024
0.0295

КАДЕ ШТО БУЈАР ЌЕ ЗГАЗИ, ТРЕВА ВЕЌЕ НЕ РАСТЕ: Ванковска открива што направил Османи додека претседател со ОБСЕ

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Професорката Билјана Ванковска открива дека се до македонското претседателство со ОБСЕ, десет годни постела мрежа на голем број институции, се до доаѓањето на Бујар како претседавач, кога решил да воспостави нова мрежа.
Прочитајте што има таа да каже.
Каде што Бујар ќе згази трева веќе не расте...

Се' до македонското претседателство со ОБСЕ цели десет години постоеше OSCE Network of Think Tanks and Academic Institutions. Собра заедно голем број институции кои меѓусебно разменуваа информации, публикации, соработуваа на проекти, итн. Јас бев претставник на мојот Институт за безбедност, одбрана и мир.

Арно ама, на самитот во Скопје, Бујар решил да воспостави нов OSCE Expert Network. Точно година дена подоцна, оваа божем нова мрежа нема ниту интернет страница, ниту активности, ниту експертите може да им се видат. Денес оние кои ја водеа старата мрежа со значителен успех ни јавуваат дека таа престанала да постои, ни заблагодаруваат за соработката и ни јавуваат за „новината“.

Да се разбереме, јас сметам дека од почетокот на судирот во Украина ОБСЕ веќе постои само на хартија. Она во Скопје беше како „последна вечера“. ОБСЕ потона во безначајност, најмногу поради својата привидна неутралност и широчина (најголема организација по број на членки по ООН) и јасното влијание на западот. Такво ОБСЕ не му треба никому очигледно, а ни на експертите (особено кога нема пари).

Моето последно искуство со старата мрежа беше интересно- како за крај. Токму кога пукна во Украина ми се обратија како на експет од земјата нов претседавач да напишам нешто за предизвиците со кои се соочуваме и како земја и ОБСЕ како организација. Мојата прва дијагноза беше (уште тогаш) дека станува збор за прокси војна на Западот со Русија (и дека тука Македонија нема капацитети ни за претседавање ни за мировни услуги, што се покажа како точно). Но, на уредниците (западни професори) ова им звучеше како бласфемија - и одбија да ми го објават трудот. Јас му најдов чаре и сепак си го објавив на англиски.

Целиот меѓународен безбедносен поредок е во колапс, па ова баш и не е некоја важна вест. „Експертите“ се се' помалку експерти кога фаќаат страна во војна, наместо страна на мир.“ напиша таа на фејсбук.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа

АЛАРМАНТНО: Кавадарци и Струмица вечерва се со многу високо загаден воздух

АЛАРМАНТНО: Кавадарци и Струмица вечерва се со многу високо загаден воздух

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

ИСПРАТИЈА ПИСМО ДО ТАРАВАРИ: Tриесет лекари од Козле бараат смена на директорката

ИСПРАТИЈА ПИСМО ДО ТАРАВАРИ: Tриесет лекари од Козле бараат смена на директорката

ВРЕДИ 30.000 ЕВРА: Во Косово спречен шверц на стока од Македонија

ВРЕДИ 30.000 ЕВРА: Во Косово спречен шверц на стока од Македонија

ОЈО: Обвинение за четири физички и едно правно лице за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

ОЈО: Обвинение за четири физички и едно правно лице за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

КОВАЧЕВСКИ ЗА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА: Не сум бил контактиран од институциите

КОВАЧЕВСКИ ЗА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА: Не сум бил контактиран од институциите

БЕЏЕТИ: Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата

БЕЏЕТИ: Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата

ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ: Не отворајте сомнителни мејлови, внимавајте каде оставате лични податоци

ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ: Не отворајте сомнителни мејлови, внимавајте каде оставате лични податоци