17 Октомври, 2024
0.0281

КАКО ЦИГЛИТЕ СЕ ИЗМЕШАА СО ДОМАТИТЕ И ДОНЕСОА ЧИСТ ПРОФИТ ОД 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - рецептот го има фирма од Босилово

Објавено во: Економија 24 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Веќе и не е вест дека една струмичка компанија лоцирана во општина Босилово со години прави одлични профити. Но, прашањето е како и успева?

Истата слика се повторува и од стартот на оваа година, кога акционерското друштво Оранжерии Хамзали од Струмица, остварило чиста добивка од дури 2,4 милиони евра. Ова е профит на кој можат да му позавидат и многу помоќни и поетаблирани компании од главниот град на државава. Или, ако вака продолжи да работи компаниојата до крајот на годинава, годишниот профит би се доближил до сума од пет милиони евра, што е и повеќе од респектабилна бројка за една фирма која се занимава со производство на пиперки и домати.

АД Оранжерии Хамзали ја извести инвеститорската јавност во земјава за своите извештаи, а Билансот на успех за периодот од јануари заклучно со јуни годинава, говори дека чистата добивка е фантастични 2,39 милиони евра.

Што друго ќе ни каже овој документ?

Тој говори дека нејзините приходи од продажбата се дури шест милиони евра за шест месеци. А, не е дека и лани биле лоши, бидејќи порастот на приходите во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани е за 12 проценти.

Најголемиот дел од приходите се остварени на домашниот пазар, и тоа 5,85 милиони евра, и кај нив има пораст од 14 проценти.

Приходите од продажбата на странскиот пазар, пак, и онака биле минорни, но во првото полугодие се свеле едвај на некои 140 илјади евра, што е намалување за 33 проценти. Ова би значело дека фирмата многу повеќе работи дома, отколку надвор.

На страната на трошоците, оперативните расходи се многу помали од приходите, иако имаат поголем раст. Односно, тие изнесувале 3,28 милиони евра, што е зголемување за 20 отсто во однос на истиот период лани.

Огромен раст има кај трошоците за суровини и други материјали, кои биле близу 960 илјади евра, и чии пораст е за 72 проценти.

Најголем пораст, пак, имаат трошоците за вработените, кај кои зголемувањето е за 101 процент, или повеќе од двојно, и кои така достигнале 770 илјади евра.

Сето ова донело до оперативна добивка од 2,66 милиони евра, а потоа и до нето профит од 2,4 милиони.

Но, дали само раноградинарските култури се тие што и ги носат овие одлични профити на Оранжерии Хамзали, за која е интересно да се дознае и дека настанала од трансформацијата и делбата на некогашен ЗИК Струмица, но и дека е еден од неговите правни наследици.

Компанијата сама ја известува Берзата што ги зголеми нејзините приходи, но тоа не е од нејзината основна дејност, односно „производство на раноградинарски култури и тоа разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир и жито“, како што е наведено во нејзиното претставување.

Туку, зголемените приходи се резултат на зголеменото производтво на цигли, но и порастот на нивните цени.

„Вкупните приходи за дедениот период се зголемени споредбено со истиот период од минатата година а тоа се должи како резултат на зголемениот обем на прозводство на цигли, како и пораст на цените на истите производи.... Во периодот до крајот на деловната 2024 година се залагаме и надеваме на успешно и продуктивно производство на втората есенска реколта кај раноградинарското производство, стабилизација на цените на енергенсите за производство и стабилен пазар ориентиран кон извоз“, напишале од компанијата до Берзата. 

Фактор се заинтересира какви се тие цигли во компанија за домати и пиперки, и пронајдовме извештај кој говори дека компанијата уште пред неколку години почнала да се занимава со нова производствена дејност, и тоа преку компанијата Нова Слога Ресен 2007, која сега е регистрирана како нејзина поддружница, и тоа за проиводствио на цигли, керамиди и печена глина, и која всушност и ги носи најголемите приходи и профитот, што всушност бил и главниот мотив за влез во овој бизнис.

Фабриката постои од седумдесетите години на минатиот век, а во 2007 година е приватизирана и обновена од темел со нова, најсовремена технолошка линија за производство на глинени шупливи блокови. Има околу 70 вработени, стои на нејзината веб страница.

Инаку, управувачки и мнозински сопственик на АД Оранжерии Хамзали е Васе Митев, кој постојано го зголемува капиталот што го поседува во компанијата, за сега да достигне дури и до 90,93 проценти. Уште 3,62 отсто од акциите на компанијата поседуваат 287 домашни физички лица. А, една фирма, односно едно правно лице, поседува 5,45 отсто од акциите, иако на ЦДХВ не го дава кој е тој акционер.

Инаку, за минатата година акцијата на Оранжерии Хамзали Струмица има најголем пораст на цената, и тоа за дури 53,23 проценти, повеќе од сите други акции на друтвата што котираат на Берзата.

Н.Н.Ф.

Фото: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ назначи нови директори за парно греење

ЕСМ назначи нови директори за парно греење

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

ЕВЕ ШТО НИ ПРЕДВИДУВААТ СВЕТСКИТЕ БАНКАРИ: Eкономскиот раст во земјите од Западен Балкан во 2025 година умерено ќе забрза

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Мицкоски најави вработување на 100 луѓе

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

„КЛИЕНТИ НИ СЕ ПОРШЕ, БМВ, МЕРЦЕДЕС, ЈАГУАР“ - сѐ за автомобилската индустрија во поткастот Бизнис муабети со Виктор Мизо од „Костал“ на Фактор

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ЕСМ со катастрофално ниско производство на струја во септември

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ВО СВЕТОТ НА ИГРАЧКИТЕ: Кинеската индустрија открива нови деловни хоризонти

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ ПАД - еве кои сектори се со најголемо намалување

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници

ПЛАТА ДО 150 ИЛЈАДИ ДИНАРИ, ИЛИ ПО НАШКИ 70 ИЛЈАДИ: Диплома не треба, а фирмите во Србија „плачат“ за овие работници