27 Ноември, 2024
0.0274

КАКО „КРАТОВЧАНИТЕ“ НАБИЛДАА ДОБИВКА ПОВИСОКА ЗА 700 ПРОЦЕНТИ - „Силекс“ ги даде бројките, ама не и образложението

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Тоа дека кратовски „Силекс“ за првите девет месеци од годинава има добивка од над 40 илјади евра и не е некоја вест, но навистина е интересен фактот што неговиот профит е зголемен за осум пати во однос на истиот период лани, или за цели 713 проценти!

За сите девет месеци од минатата година овој комбинат, чија основна дејност е вадење на руди и камен, остварил ситна добивка од едвај пет илјади евра, покажуваат податоците од финансиските извештаи, но затоа годинава профитабилноста се искачила на 40 и пол илјади евра.

Што толку многу ја зголемило добивката на „Силекс“, од компанијата не даваат посебно образложение, па затоа одговорот ќе се обидеме да го дадеме ако го разгледаме нивниот консолидиран Биланс на успех.

Па така, треба да се има предвид дека оперативните приходи на компанијата во анализираниот период се искачиле на 387 илјади евра, откако во истиот тајминг лани тие изнесувале само 29 илјади евра, или кај нив зголемувањето е за 1.231 отсто, што е фантастичен скок на приходите од редовното работење на компанијата.

Повеќе од половината од оперативните приходи се всушност приходи од продажба, и тоа само приходи од продажба на домашниот пазар, кои се остварени на сума од 241 илјади евра, наспроти 16 илјади евра во истиот период од минатата година, и кај нив има уште поголем раст, од фантастични 1.402 проценти.

Но, не пораснале значајно само приходите од продажбата, туку и останатите оперативни приходи, ставка од која компанијата инкасирала повеќе од 146 илјади евра, наспроти 24 илјади евра во истиот период лани, што значи дека има пораст на овие приходи од дури 1.021 проценти.

Но, ако има огромен пораст на приходите, има и огромен пораст на расходната страна. Па така, „Силекс“ забележал во првите девет месеци од годинава оперативни расходи од 347 илјади евра, што е заголемување за цели 1.338 отсто.

Кога станува зборза расходите, има пораст единствено кај услугите со карактер на материјални трошоци, за што се потрошени само околу четири илјади евра, а треба да се има предвид дека такви трошоци во минатата година воопшто немало.

Додека, пак, всушност главниот дел на расходната страна го прави ставката останати расходи од работењето, каде се регистрирани 343 илјади евра, наспроти 24 илјади евра во истиот период лани, или зголемувањето е 1.322 проценти.

Компанијата годинава, како и лани, немала ниту финансиски приходи, ниту финансиски расходи.

Па така, нејзината нето добивка или добивка по оданочувањето достигнала 40,5 илјади евра, што е раст за 713 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Како што објави Фактор во јуни годинава според податоци од Централниот регистар, Силекс Неметали СТ тогаш била продадена на турски инвеститор. Холдингот Бахаш го превзел сопствеништвото на градежната компанија од досегашниот сопственик - АД рударско индустриски комбинат Силекс, а наместо досегашниот директор Васил Ристовски, со компанијата управува турскиот државјанин Кенан Кол. Турскиот холдинг има над 15.000 вработени и поврзан е со 29 земји. Најмногу го покрива производството и градежништвото. Силекс Неметали СТ заедно со Силпен СТ, и двете во досегашна сопственост на АД Силекс, се најголемите кратовски фирми. 

Силекс Неметали СТ од 2019 со низа милионски трансакции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна да го наплаќа рекордниот договор од 30,5 милиони евра за изградба на браната „Речани“ што беше постигнат на два дена пред парламентарните избори 2016. Рокот за изградба на браната, според договорот е пет години, а неговата ефективност, според претходно објаснување од Министерството за земјоделство, започнува со датумот на воведување на работа на операторот, односно од мај 2019. Рокот завршува во текот на 2024 година, а досега е завршена само една третина од работата. 

Инаку, според последната состојба од Централниот депозитар за хартии од вредност, доминатни сопственици на „Силекс“ се Горан Ивановски, кој поседува 36,66 отсто од акциите на рударско-енергетскиот комбинат, како и Розета Димитровска, која поседува 27,19 отсто од акциите.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Вработени во АЕК тријат раце, ќе им се зголемуваат платите за 20 отсто

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ЕК СЕ ЖАЛИ НА ОДЛУКАТА НА КИНА: Макрон вели „чиста одмазда“

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУГАРИТЕ СЕ „ОТКАЖАА“ ОД МАКЕДОНИЈА – пандемијата ги „разруши“ туристичките патеки

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

ДАЛИ БЕРЗАТА ВЛЕГУВА ВО „SANTA CLAUS СКОК“: Еве што значи овој тренд

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници