КАКО ЛИХТЕНШТАЈН СТАНА ЕДНА ОД НАЈБОГАТИТЕ ЗЕМЈИ: Даночна оаза со само 40 000 жители
Објавено во: Анализа 20 Август, 2018
Лихтенштајн, минијатурна земја со само 40 000 жители, сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, е една од најбогатите на светот.
И покрај тоа што се работи за многу мала држава, и недостиг на природни ресурси, Лихтенштајн се разви во исклучително успешна економија.
Од средината на 20 век Лихтенштајн воглавно од земјоделска земја се трансформира во глобален бизнис центар. Имаат диверизификувана економија со која доминира услужниот сектор со голем број мали и средни компании.
За тоа пред се е заслужна даночната политика. Имено, таа земја од со години (била) даночна оаза, што привлекло голем број странски компании.
Ниските даноци - данок на добивка изнесува само 12,5 отсто - и едноставното основање на компании привлекло многу инвеститори да покренат бизнис токму од Лихтенштајн и тие приходи сега сочинуваат околу 30 отсто од државниот буџет.
Лихтеншајн е во царинска унија со Швајцарија и како валута го користИ швајцарскиот франк. Како што се мала земја без природни ресурси повеќе од 90 отсто од потребите за енергија се наоѓаат со увоз. Од 1995 година Лихтенштајн е член на Европскиот економски простор и нивната влада работи на усогласување на економските политики со оние кои се присутни во Европската унија.
Интересно е дека повеќе од половина од работната сила секојдневно доаѓа во Лихтенштајн од соседните земји - Швајцарија и Австрија , односно Германија.
Од 2008 година Лихтенштан се најде под зголемен притисок, посебно на Германија и САД поради нетранспарентноста на даночниот и банкарски систем, односно силни банкарски тајни.
Потоа потпишале низа билатерални договори за размена на даночни податоци со други држави. Од оваа година Лихтенштајн со ЕУ автоматски разменува податоци за банкарските сметки.
Како што повеќе од работната сила во Лихтенштајн на работа патува од соседните земји, бројот на вработени е сличен како и бројот на жители и изнесува околу 38 000.
Невработеноста е многу ниска - изнесува помалку од 2 отсто.
Жителите на Лихтенштајн имаат многу висок животен стандард и една од највисоките плати во Европа.
Просечните плати, зависно од секторот, се движат од 3 500 до 9000 швајцарски франци, пренесе индекс.хр.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.