10 Мај, 2024
0.0607

Каква е состојбата денеска на патиштата низ Македонија!

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2015

Добивај вести на Viber

ЗАБРАНA ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. На патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси над 7т. На магистралниот пат Кратово кај.м.в. „Гардиште“ атар на с.Којково поради свлечиште на земја и камења сообраќајот се одвива по една коловозна лента за ПМВ додека за ТМВ истиот е забранет. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:

На 09.03.2015 година од 07,00 часот патот Р 291-75, кој ги поврзува с.Могила-с.Радобор, сообраќајот е во прекин бидејќи истиот е поплавен. Во општина Крива Паланка, регионалните патни правци кон селата Огут и Луке, како и локалните патни правци кон селата во планинскиот дел, заради висината на снежната покривка (50 – 60 см) се непроодни. И локалниот пат кон село Дренак е непроден од с.Дурачка Река во должина од околу 7 км. Во општина Ранковце, регионалниот патен правец кон с.Герман, поради новите врнежи од снег е непрооден. Од ЈСП Скопје се наведува дека автобусите на линијата бр.68, за с.Долно Коњари, сообраќаат до мостот на реката Пчиња, од каде патниците го преминуваат пеш, а на другата страна ги чека минибус.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози. Снег со многу слаб интензитет провејува на планиските превои Буково, Ѓавато и Крушево кој не се задржува на коловозот.

РАБОТИ НА ПАТ: Според известувањето од IRD Engineering, од 10-ти февруари 2015 година, започнати се работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес -Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци. На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичникпродолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец. Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата. Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: - од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, - и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково. Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности. Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. се изведуваат активности на патот односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација, информираат од амсм.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните