10 Мај, 2024
0.0237

Каква е состојбата денеска на патните правци низ Македонија!

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Каде има забрана за движење на тешки товарни возила:

Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

На патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси над 7т. На магистралниот пат Кратово кај.м.в. „Гардиште“ атар на с.Којково поради свлечиште на земја и камења сообраќајот се одвива по една коловозна лента за ПМВ додека за ТМВ истиот е забранет. Прекин на сообраќајот има на повеќе патни правци:

На 09.03.2015 година од 07,00 часот патот Р 291-75, кој ги поврзува с.Могила-с.Радобор, сообраќајот е во прекин бидејќи истиот е поплавен.

Во општина Крива Паланка, регионалните патни правци кон селата Огут и Луке, како и локалните патни правци кон селата во планинскиот дел, заради висината на снежната покривка (50 – 60 см) се непроодни. И локалниот пат кон село Дренак е непроден од с.Дурачка Река во должина од околу 7 км. Во општина Ранковце, регионалниот патен правец кон с.Герман, поради новите врнежи од снег е непрооден. Патниот правец Киселица – Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила. Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово. Во опш.Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон селата Жегљане, Малотино, М`гленце, Абранашко, Рамно, Буковљане, Цветишница, Дејловце и Длабочица. Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см. РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од ЈСП Скопје во која се наведува дека автобусите на линијата бр.68, за с.Долно Коњари, сообраќаат до мостот на реката Пчиња, од каде патниците го преминуваат пеш, а на другата страна ги чека минибус. На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. Каква е состојбата на патиштата:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, а на повисоките места, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на повисоките места во државата, а на пониските места врнежите се од дожд.

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинските превои Ѓавато и Плетвар. Прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. Работа на патиштата има на: Според известувањето од IRD Engineering, од 10-ти февруари 2015 година, започнати се работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес -Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци. На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичникпродолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец. Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата. Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: - од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, - и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково. Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности. Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. се изведуваат активности на патот односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација, пренесуваат од АМСМ.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори