КАКВИ ГЛУПЕРДИ РАСИПАНИ ЧОВЕЧЕ - препукувањата во „Левица“ се разгоруваат
Објавено во: Македонија 01 Март, 2024
Препукувањата во „Левица“ добиваат уште поголеми размери. По најавата на Дарко Масларковски дека ја напушта партијата, што беше проследено и со тврдења на социјалните мрежи дека тој е донатор на ВРМО-ДПМНЕ, утринава од „Левица“ објавија дека расчистуваат со членови на партијата кои ги нарекоа „џган“.
Оваа објава предизвика реакција од нивниот член, Бранко Ристов, кој спротивно на објавата на „Левица“ посочува дека отказот го дал во партија и не гледа причина за јавно обвинвуање, кога целел кон тивко напуштање на партијата.
- Какви глуперди расипани човече... Никаков коментар против партијата немам пишано. Само оставка си дадов. Внатрепартиска работа. Така и третирав. Едноставно испратив меил допис до членовите на Централниот Комитет дека си давам оставка од внатрепартиските функции и причините за истите.