27 Ноември, 2024
0.0342

Какви реакции ќе даде вакцината против Ковид-19 сè уште не знаеме: Разговор со епидемиологот Александар Стојанов

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во периодот кој следи до пристигнувањето на вакцината во Македонија, здравствените власти очекуваат одговори на низа прашања поврзани со имунизацијата против Ковид-19. Во разговор за Фактор, еден од врвните епидемиолози во земјава и член на Комисијата за заразни болести, д-р. Александар Стојанов, вели дека очекуваат детални напатствија од самите компании за начинот на чување на вакциние, до начинот на аплицирање.

-Во однос на ова засега најактуелно прашање, кое и според светските експерти би ставило крај на пандемијата на Ковид-19, а тоа е вакицинацијата против корона вирусот, сè уште имаме голем број неодговорени прашања. Се надеваме дека наскоро, во зависност од тоа, која вакцина ќе пристигне во Македонија, ќе добиеме насоки од фармацевтските куќи за сите детали. Освен тоа, сметаме дка самата Светска здравствена организација, сето тоа ќе го унифицира и ќе се раководиме според дадените насоки и дека тоа ќе биде исто за сите земји. Но, се зависи од тоа, со која вакцина  ќе вршиме имунизација. Ако станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек, тогаш не очекува голема логистичка операција во однос на чувањето на вакцината, бидејќи таа мора да биде складирана во медицински фрижидери на температура од -70 степени. Во Центарот за јавно здравје имаме таков фрижидер. Тој одржува температура до -82 степени, а чинеше 15.000 евра. Секоја ковид-лабораторија мора да има вакви фрижидери, тоа е практично дел од опремата бидејќи таму чуваме примероци кои мора да бидат на толку ниски температури, вели д-р. Стојанов за Фактор.

Дополнително, епидемиологот посочува дека и покрај тоа што во Центарот за јавно здравје располагаат со таква опрема, има низа други непознатици за кои мора да добијат детални информации.

-Не е само да го имате фрижидерот. На пример за грипот вакцините пред да се аплицираат стојат половина час на дневна температура, за Ковид-19 сè уште не знаеме. Доколку не се потрошат дента, дали ќе смееме да ги вратиме повторно назад. Има непознатици и во однос на тоа кои граѓани ќе смеат да ја примаат вакцината. Не може сите да бидат тестирани пред вакцинацијата за да бидат сигурни дека не се позитивни на вирусот. И сами знаете колку многу асимптоматски случаи имавме. Најголемиот број и најопасните преносители на коронавирусот беа и сè уште се луѓето кои не пројавуваат симптоми. А, како токму тие би реагирале на вакцината, не знаеме. Навистина ќе видиме како ќе се одвива целиот процес, имаме најмалку три месеци да се спремиме.

Во однос на тоа пак дека Фајзер и Бионтек подготвуваат нова верзија на вакцината, односно лиофилизирана вакцина што практично ќе значи премин на производот од цврста-течна во гасовита состојба и која ќе се аплицира преку нос, д-р. Стојанов појаснува дека ова не е нов пристап на вакцинација, бидејќи пред доста години, токму така ги давале вакцините против грип.

-Порано така вакциниравме, прскавме спреј во носот. Всушност преку носот внесувавме жив вирус со што многу подиректно се активира имунолошкиот систем. И ваквиот начин на вакцинација се прави на два пати. Сега имаме вакцини во кои вирусот не е жив, но сепак постои правило во однос на дозите. На пример по примањето на првта доза, втората се прима после една недела, тоа е за вакцината на Фајзер, од друг производител, втората доза се аплицира по три недели, по 28 дена. Но, она што е многу важно, ние се уште не знаеме која реакција ќе ја даде вакцината. Еве, Велика Британија веќе ја започна имунизацијата, па ќе ги следиме искуствата и оттаму. Во Русија исто така тече имунизација со вакцината Спутник V. Оваа вакцина и кинеската се чуваат на температура од 2-8 степени, што е многу полесно за одвивање на целиот процен на имунизација, посочува д-р. Стојанов.

Инаку, лично смета дека и откако ќе пристигне вакцината во Македонија, но воопшто и во светот, ќе помине уште доста време кога и официјално ќе се каже крај на пандемијата. Според него, носењето маски нема да исчезне преку ноќ, ниру пак земјите ќе ги отворат границите.

-Претстојниов период сериозно ме плаши. Се ближат новогодишни и божикни празници и сметам дека нема ништо страшно да се случи ако за Нова година се остане дома, ако славите се поминат само со двајца, тројца членови од семејството кои живеат во домот. Не е потребно да се изложуваме на ризици и да очекуваме да не зафати уште еден бран, вели д-р. Стојанов.

На прашањето дали тој лично, како експерт во областа на епидемиологијата и човек кој 40 години се занимава со имунизација, ќе се вакцинира против Ковид-19, д-р. Стојанов вели дека е голем поборник за вакцините, но сепак ќе размисли во однос на вакцинацијата против корона вирусот.

-И јас сум во таа ризична група. Прво сум здравствен работник, а до кога стигне вакцината ќе бидам пензионер, сепак ќе видиме дали ќе се вакцинирам, вели за Фактор, епидемиологот Стојанов.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава