26 Декември, 2024
0.0318

Канаѓаните не креваат раце од Иловица, уште долго ќе се борат за рудникот

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што министерот за економија Крешник Бектеши веќе го стави својот потпис на одлуката за еднострано раскинување на договорот со Еуромакс Рисорсис, компанијата, според сознанија на Фактор, нема така лесно да се откаже од својата планирана инвестиција во рудникот во Иловица. 

Од Еуромакс Рисорсис за Фактор уште еднаш повторија дека се убедени во својата правна позиција околу планираната изградба на рудникот. Сигурно ќе се жалат и до Управниот суд. 

„Ќе поднесеме приговор до Управниот суд по одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, и цврсто сме уверени во нашата правна позиција“, е кусиот став на канадската компанија. За оваа своја одлука таа веќе ги извести и своите акционери преку Канадската берза. 

Нашите неофицијални сознанија говорат дека давањето на нашата држава пред меѓународен арбитражен суд не е она што сака да го направи концесионерот. Канаѓаните сеуште се далеку од таа одлука, говорат изворите на Фактор. Односно, тие ќе ги искористат сите правни алатки што им стојат на располагање, а такви, велат изворите, има многу, и тоа не само жалбата до Управниот суд, туку и други инстанци. Ова од причина што, велат нашите извори, канадската компанија планираше голема инвестиција од 340 милиони евра во тој регион, направи бројни подготовки и вложувања, и нема така лесно да крене раце од проектот. 

А министерот за економија го стави потписот на предлог одлуката за едностран раскин на договорот, по што следна ќе биде владината процедура. Од друга страна Бектеши рече дека Владата ги има аргуметите и дека не носат никакви емотивни одлуки туку одлуки во рамки на сите процедури и закони.

„Ако мислат дека би требало да одиме на некаков меѓународен суд, ние сме подготвени како држава и како Влада за да ги браниме нашите ставови. Одлуката на Второстепената комисија е конечна. Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Иловица и сега ќе оди низ владини процедури, преку Генерален секретаријат, преку соодветните комисии и потоа на седница на Влада, каде треба да се расправа и да се донесе соодветна одлука“, образложи Бектеши.

За целиот овој период еко активистите слават, бидејќи, како што велат, ја спасиле струмичката котлина од отрови и загадување, а и пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска напиша дека долгогодишната битка не била залудна, а рудникот Иловица останал само лош сон. 

( Н.Н.Ф.)



Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија