15 Мај, 2024
0.0699

КАТАЛОНИЈА ПОКРЕНА ЛАВИНА: Во Италија се подготвува референдум, а кој друг размислува за отцепување?

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Многу региони во Европа веќе долго бараат независност од матичните држави. Речиси да нема земји кои не се соочени со вакви „трзавици“, а референдумот за независност на Каталонија, на кој за самостојност се определиле речиси деведест отсто од излезните бирачи, речиси повторно го покрена ова прашање.

Во текот на сите пет дена, по судирите во Шпанија многу сепаратистички движења како да се охрабрени. Во случајот на Каталонија гледаат шанса и тие да се отцепат од матичните држави.

Тирамису република

И Венето подготвува свој референдум-кон крајот на октомври.

Веќе за две недели во италијанската покраина Венето ќе се случи, како што пренесуваат странски медиум, историски настан. Референдумот за независност е закажан за 22 октомври, на денот кога во 1866 година е одржан

плебисцит за приспојување на Венето кон Италија. 151 година подоцна, за разлика од претходниот, Италијанците ќе имаат трајно изјаснување за „Независна Република Венето“.

Венето спаѓа во најголеми и најразвиени италијански покраини. Со Венеција, како главен град, но и Верона, Падова, и Виченца, е една од туристички најпосетените области во светот со преку 60 милиони туристи годишно.

Предводниците на идеите за независност на Венето велат дека нивната цел е пресудна во овој момент, бидејќи владината политика во врска со масовното доаѓање на имигранти довела до пораст на криминалот.

Слобода држава Баварска

Иако официјални медиуми во Германија тврдат дека многу мал број Баварци сериозно мислат дека основање на сопствена држава е вистински потег, Баварците овие денови потсетуваат дека официјално име на таа германска покраина е „Фрајштат Бајерн“, односно Слобода држава Баварска.

Баварска има поголема површина од сите германски сојузни држави, во неа живеат дури 13 милиони луѓе и има најголем економски обрт во земјата. Како и во другите покраини кои бараат независност, токму тој факт предизвикува негодувања. Имено, Баварците сметаат дека премногу пари заминуваат во заедничката каса.

Баварските историчари со задоволство повикуваат на илјадагодишната традиција, а најрадикалните меѓу тамошните националисти сонуваат за обнова на Голема Баварија. Во 10 и 11 век Баварија опфаќала делови на денешна Австрија на исто и југоисток, со исклучок на кралството Бабенсбергер. Со Тирол Салцбург, Штајерска и Корушка,

Баварците управувале со Краина, денешна Словенија но и Истра.

Република Истра

Меѓутоа, Истријани својата историја ја гледаат поинаку.

„Ние не сме Италијани, не сме Словенци, не сме Хрвати, ние сме Истријани и имаме елементи од повеќе народи“, се наведува на овие денови исклучително популарен блог и страница на Фејсбук „Република Истра“.

Иницијативата за основање на самостојна држава постои одамна но поради актуелните случувања во Хрватска, посебно јакнење на проусташки идеи, се слуша се почесто. 

Иако денес нема сериозно движење кое би ја промовирало независноста на Истра, политичарите, собрани околу Истарската демократска партија, не ја кријат желбата дека ја гледаат Истра како регион.


Можеби ќе ве интересира

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?