05 Јули, 2024
0.0378

Ќе се легализираат и објекти во заштитетен крајбрежен појас

Објавено во: Економија 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски со нови законски измени ќе овозможи легализација на објекти кои се изградени на земјиште каде е предвидена изградба на сообраќајна инфраструктура и објекти кои се изградени во заштитетн крајбрежен појас вештачки езера и речни корита. Измените на закон за легализација се веќе во собраниска процедура, и денес се на дневен ред на матичната собраниска комисија.  
 
Со предложените одредби се предвидува при легализација на објектите што се изградени на земјиште на кое е предвидена изградба на сообраќајна инфраструктура - да не се носи одлука од страна на Советот на надлежната општината со кој се утврдува дали во идната урбанистичко-планска документација ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или пак истата нема да се предвиди.
 
Додека пак, за објектите кои се изградени  во заштитен крајбрежен појас вештачки езера и речни корита да не се бара мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање, а барателот да достави изјава заверена на нотар, дадена под материјална и кривична одговорност, со која ќе потврди дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект на негова одговорност и нема да бара надомест на штета од надлежен орган при настанување на евентуална штета поради елементарна непогода како и дека ќе ја надомести секоја штета причинета врз животната средина, стои во објаснувањето на зконските измени.
 
Овие објекти ќе може да се легализираат доколку ги исполнат останатите законски услови, со тоа што истите ќе бидат само запишани во имотен лист со утврдено право на сопственост а нема да бидат вклопени во идната планска документација.
 
Законот ќе важи и ретроактивно наведуваат од Министерството за транспорт и врски, односно ќе се однесува и на предметите за кои претходно е донесено решение за одбивање на барањето за легализација на објект изграден на земјиште на кое согласно важечката урбанистичко-планска документација е предвидена изградба на сообраќајна инфраструктура (поради донесена одлука на Советот на општината односно Советот на општината во градот Скопје или Советот на Градот Скопје) како и решение за одбивање на барањето за легализација на објект кој е изграден во заштитен крајбрежен појас на вештачки езера и речни корита поради доставување на негативно мислење од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.
 
За нив се предвидува надлежниот орган кој го донел решението по службена должност да го поништи решението за одбивање на барањето за утврдување на правен статус и да ја продолжи постапката за утврдување на правен статус на предметниот објект согласно новите правила.

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан