07 Октомври, 2024
0.0250

Ќе здивнеме ли од поскапувањето на бензинот?

Објавено во: Економија 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Цените на суровата нафта останаа релативно непроменети во вторникот, но според аналитичарите има знаци дека унапредувањето во последно време е на пат да заврши. Стабилното пребарување во Азија, како и последиците од сезоната на активно возење во САД одговараат на речиси рекордното производство, особено од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), иако американската продукција изгледа достигна максимални вредности, барем привремено. Брентот се крена со 0,06% до 65,56 долари за барел, додека цената на американската нафта се зголеми за 0,13%, достигнувајќи до 59,80 долари за барел. Според аналитичарите големи скокови на цените од сегашните нивоа се малку веројатни. "Пазарите на сурова нафта се поддржани од пријавениот минатата недела пад на американското производство и залихи на сурова нафта, но цените не успеаја повторно да ги достигнат високите вредности од порано овој месец", коментира ANZ bank. Според лондонската Timera Energy последното големо покачување е завршено, бидејќи цените на суровата нафта достигнаа нивоа на кои производителите можат да работат со профит. "Фактот дека цените на суровата нафта се доближуваат до репер на долгорочната поединечна цена за нови инвестиции претпоставува дека последниот скок на цените на нафтата можеби завршува", вели Timera Energy. "Ако ова е точно, тогаш американскиот долар најверојатно ќе биде корисен индикатор за следниот пад на цените на суровата нафта. Ако доларот повторно почне да се качува, тогаш цената на нафтата најверојатно ќе се соочи со силни против ветрови ", додаваат тие. Во вторникот доларот ги достигна највисоките вредности овој месец спрема голем број валути откако повисоката од очекуваната структурна инфлација во САД го поддржа евентуалното зголемување на каматните стапки од Федералните резерви подоцна во текот на годината. Зголемувањето доаѓа по 7 проценти пад во периодот помеѓу средината на март и средината на мај. Цените на суровата нафта од друга страна се кренаа со повеќе од 25% во периодот меѓу март и средината на мај, но од тогаш остануваат релативно стабилни. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми