КИМ ВО ПОИНАКВО ИЗДАНИЕ: Севернокорејскиот лидер се расоблече
Објавено во: Свет 10 Август, 2018
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун позираше пред репортери во маица, без препознатливиот горен дел од костумот.
На почетокот на посетата Ким се појавил со сламен шешир на главата и во посветол костум од обично, а подоцна се расоблекол во маица со кратки ракави, на која и биле откопчани и горните две копчиња.
Фотографиите ги објавија државните медиуми во земјата.
Ким при посета на рибник, го соблекол својот костум, а сите други членови на делегацијата останале во своите униформи наспроти топлото време што го зафатил Корејскиот полуостров.
Тој често е актуелен во медиумите поради нуклеарните проби во неговата земја, што се толкува како закана за светот.