Ќе бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот, тврди Бил Гејтс
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Октомври, 2020
Ќе биде многу полошо од претходно, вели првиот човек на „Мајкрософт“, Бил Гејтс за вториот бран, објави Политико.
Тој изјави дека постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо пренесување на вирусот.
„Сите бројки растат и постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот. Додека не дојде новата заштита. Но, она што го имаме моментално е нашето однесување, заштитните маски и почитувањето на сите мерки“, рекол Гејтс.
Гејтс и неговата сопруга Мелинда се на чело на нивната фондација која што донира стотици милиони долари за испитувањето на коронавирусот, како и за пронаоѓање на вакцина.
Во светот сега има 38.8 милиони заразени.САД е на врвот, а потоа следат Индија, Бразил и Русија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.