15 Декември, 2025
0.1808

Ќе се скроти ли галопирачката инфлација во Македонија?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2023 09:44

Добивај вести на Viber

Македонија е една од земјите со највисока стапка на инфлација во Европа, која во последните две години се движи во двоцифрени бројки и е значително повисока од европскиот просек.

Во последните пет години дојде до екстремно поскапување на храната, угостителските услуги, домувањето, режиските трошоци, а глобалните кризи само дополнително ја влошија состојбата.

Криза по криза

Во годините пред глобалните кризи националната стапка на инфлација на годишно ниво се движеше од 1 до 2 отсто и најголеми последици врз животниот стандард на граѓаните имаа поскапувањата на струјата и останатите енергенси.

Сепак, првиот значителен скок на цените, кој силно го наруши животниот стандард, дојде за време на карантините во текот на корона кризата и глобалната пандемија во 2020 година.

Кога се сметаше дека една криза е завршена и дека светот се враќа во нормала со укинување на рестрикциите за движење, патување и трговија, дојде новата криза предизвикана од воената инвазија на Русија врз Украина.

Во 2021 година годишната стапка на инфлација достигнала 4,9 отсто, значително повеќе од 2020 година кога годишната стапка на инфлација била 2,3 отсто.

Веќе во 2022 година со глобалната криза за енергенси, храна и неизвесност инфлацијата скокна на дури 18,7 отсто.

За споредба европскиот просек изнесува околу 9 отсто стапка на инфлација, а внатре во Унијата највисока стапка на инфлација има Унгарија со речиси 18 отсто.

Има ли изгледи за враќање на инфлацијата во преткризните стапки?

Годинава очекуваната инфлација според НБРМ ќе изнесува околу 9 отсто. Според податоците на Народна банка на Македонија кои се најнови и се однесуваат на август годинава, трошоците на живот се зголемиле за 8,3 отсто во август годинава споредено со истиот месец лани, додека, пак, гледано кумулативно, во првите осум месеци од годинава во однос на истиот период лани зголемувањето на трошоците изнесувало 12,2 отсто. 

Индексите за цените на храната на светските берзи кои ги мери ФАО покажуваат значителен пад и се најниски споредено со пикот на кризата во изминатите години.

Во меѓувреме храната во Македонија постојано поскапуваше и Владата презеде неколку мерки за замрзнување и контрола на цените во маркетите, но главните критики се дека се задоценети и дека нема соодветна контрола на терен за „самоволието на трговците“.

Недовербата во институциите, злоупотребата на глобалните кризи и профитерството, се најголеми проблеми за Македонија и справувањето со галопирачките цени кои значително го срушија животниот стандард, во период кога трошоците за живот и синдикалната потрошувачка кошничка постојано растат. 

Х. С. 

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите