Добивај вести на Viber
Директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи сподели убави вести.
„Втората делница од експресниот пат Крива Паланка-Длабочица во должина од 10 километри, е завршена!
Инвестиција вредна 50 милиони евра, инвестиција која патувањето по Коридорот 8 ќе го направи безбедно и сигурно.
Кога наскоро ќе ја завршиме и првата делница од изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин ќе се скрати времето на патување до нашиот источен сосед.“, напиша тој на фејсбук.