21 Декември, 2024
0.0278

Кои се придобивките од зелени инвестиции за малите и средните компании?

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Зелените инвестиции играат значително важна улога во обезбедувањето на долгорочна одржливост на компаниите во денешниот брзо променлив свет каде сѐ повеќе доминираат темите од еколошки аспект. Со насочувањето кон зелени инвестиции компаните придонесуваат за заштита на животната средина и за зајакнување на сопствената конкурентност и стабилност на пазарот.

Обезбедување долгорочна одржливост

Најважната придобивка од зелените инвестиции за компаниите е тоа што им помага да обезбедат долгорочна одржливост преку:

1.  Намалување на оперативните трошоци

Зелените инвестиции вклучуваат имплементација на енергетски ефикасни технологии и обновливи извори на енергија. На овој начин тие можат значително да ги намалат оперативните трошоци на компаниите, како што се високите сметки за енергија.

Компаниите што инвестираат во соларни панели или други системи за енергетска ефикасност можат да ја намалат својата зависност од високите цени на фосилните горива и да акумулираат значителни заштеди на подолг рок.

2.  Подобрување на корпоративниот имиџ

Информациите од побарувачката на пазарот покажуваат дека денес голем дел од потрошувачите преферираат да користат производи и услуги од компании кои се посветени на одржливост.

Токму затоа преку зелени инвестиции, компаниите можат да го подобрат својот имиџ во јавноста и да се позиционираат како лидери во спроведување на еколошка одговорност. На овој начин тие имаат можност истовремено да го зголемат бројот на клиенти и да ја зајакнат лојалноста на постојните потрошувачи.

3.  Побрз пристап до финансии

Голем број на финансиски институции, како што се банките и инвеститорите, нудат сѐ подобри услови за финансирање на зелени проекти. Таков пример е ПроКредит Банка, една од водечките банки во финансирањето на еколошки проекти за претприемачи, која во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) промовираше нова Кредитна линија зa финансирање во зелена енергија (ГФФ Македонија) прилагодена за малите и средни претпријатија.

Поконкретно, станува збор за кредитна линија од 3.5 милиони евра наменета за финансирање на бизнис инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија која вклучува ниски каматни стапки, грантови и други финансиски стимулации за компаниите што се посветени на одржливоста. Преку ваквите кредитни линии компаниите можат да ги намалат трошоците на финансирање и да ја подобрат својата финансиска позиција.

4.  Подготвеност за идните регулаторни барања

Со порастот на свесноста за климатските промени, земјите ширум светот воведуваат нови регулативи за заштита на животната средина. Компаниите кои први ќе вложат во зелени инвестиции ќе бидат подобро прифатени од јавноста, но и ќе бидат подготвени да ги исполнат овие регулаторни барања.

5.  Зголемување на долгорочната конкурентност

Зелените инвестиции најчесто водат до нови иновации и иновативни бизнис модели кои можат да ги зајакнат конкурентните предности на компаниите.

На пример, компании што инвестираат во развојот на одржливи производи или услуги можат да си обезбедат влез на нови пазари, но и да ги задоволат потребите на сѐ повеќе еколошки свесните потрошувачи.

6.  Заштита на природните ресурси и менаџирање на ризиците

Со инвестирање во одржливи технологии и практики, компаниите ги штитат природните ресурси од кои зависат, како што се вода, енергија и суровини. Ова е клучно за обезбедување долгорочна стабилност во иднина.

Како да обезбедите средства за зелени инвестиции?

Кредитната линија ГФФ од ПроКредит банка дава идеална можност за малите и средните компании, вклучувајќи ги и трговците-поединци, кои сакаат да инвестираат во висококвалитетна и зелена опрема.

Кредитна линија е достапна за мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат дефинициите на ЕУ: компании со помалку од 250 вработени, годишен обрт не поголем од 50 милиони евра, и/или годишна актива не поголема од 43 милиони евра. ГФФ програматае особено соодветна за претпријатија што работат во сектори како што се производство, земјоделство, услуги, градежништво, транспорт, производство на зелена енергија, и трговија.

Дополнително, тука се и добавувачите и производителите на зелена опрема кои сакаат да го прошират својот "зелен" дел од бизнисот, кои исто така можат да ги искористат овие финансиски средства за зголемен раст на бизнисот и иновациите.

Воведувањето на програмата има за цел да поттикне зајакнување на компаниите чија визија е одржливо работење. Преку оваа кредитна линија, компаниите имаат пристап до финансиските ресурси неопходни за реализација на нивните одржливи решенија преку стимулација со поврат на средства до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија, или пак за инвестиции кои се комбинација од истите.

За повеќе информации околу начините за финансирање во зелена енергија, прочитајте на https://www.pcb.mk/gff.nspx

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје