24 Април, 2024
0.0282

КОЈ ГИ ДОБИ АКЦИИТЕ НА ГЛИГОРИЕ ГОГОВСКИ - наследниците сега поседуваат по околу 7 отсто од капиталот на тетовски „Тетекс“

Објавено во: Економија 21 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Акциите на покојниот долгогодишен прв човек на „Тетекс“, Глигорие Гоговски, преминуваат во рацете на неговите наследници. 

Досега, поранешниот директор на познатиот текстилен комбинат поседуваше 12,76 отсто од акцииите, и тој беше единствениот сопственик во компанијата со над 5 проценти од капиталот на компанијата, кои се покажуваат на Централниот депозитар за хартии од вредност.

А сега, како што известија од компанијата преку Македонската берза, три лица од семејството на Глигорие Гоговски ќе имаат по над 6 отсто, односно по близу 7 пртоценти од акциите на комбинатот.

Тоа значи дека тие и досега имале по извесен помал процент од акциите, а сега ги добиваат и акциите на нивниот сопруг или татко, и нивните акционерски пакети сега ќе изнесуваат над 5 отсто и ќе бидат објавени во Централниот депозитар. 

„Согласно член 38 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, за обелоденување на ценовно чувствителни информации на акционерските друштва ја објавуваме следнава информација: Тетекс АД Тетово известува дека е настаната промена на сопственост врз акции, на начин што одредени сопственици се стекнаа со над 5 отсто од вкупниот број на акции со право на глас издадени од Друштвото, и тоа како следи: Иванка Гоговска - 28.647 акции, односно 6,92 отсто од вкупно издадени 414.171 акции со право на глас издадени од Друштвото, потоа Лоди Гоговска – 27.610 акции, односно 6,67 отсто и Бобан Гоговски – 27.612 акции, односно 6,67 отсто“, се вели во ценовно чувствителната информација објавена преку берзата. 

Фактор веќе објави дека Бобан Гоговски за нов директор на компанијата го предложија 13 акционери кои заедно поседуваат 24 отсто од сите акции на „Тетекс“. Гоговски јуниор е електроинженер кој својата 25 годишна работна кариера ја минал на различни позиции во ТТК Банка (и нејзината правна претходничка Тетекс банка)

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава