КОЈ ГО ЗАБОРАВИЛ ВКЛУЧЕНО СВЕТЛОТО ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОЛОГИЈА - Груби лично проверувал дали министерствата штедат струја
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2022 18:43
Првиот вицепремиер, Артан Груби синоќа правел обиколка на неколку министерства за да види дали штедат струја и се изгасени осветлувањата согласно препораките на Владата. Единствено забележал светло во министерството за екологија, па веднаш интервенирал и му се јавил на министерот Нуредни да реагира. Ги повика граѓаните по примерот на интитуциите максимално да штедат струја.
Груби при посета на општина Арачиново на прашање на новинарите дали службените автомобили треба да работат додека тој дава изјави рече дека тоа не треба да се прави и повика да се пријави секое непочитување на мерките за штедење.
„Не знам кои автомобили работат, не сум возач, но секако дека не треба да работат. Сметам дека сите граѓани посебно и институциите треба да бидат пример за штедење и на електрична енергија и на сите државни ресурси. Ве повикувам секојдневно да ги проверуваме сите институции за тоа кои мерки за штедење ги применуваат согласно одлуките на Владата. И пред одлуката на Владата, Министерството за политички систем ги има исклучено сите надворешни и внатрешни осветлувања надвор од работното време“, рече Груби.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




