04 Декември, 2024
0.0261

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

Објавено во: Финансии 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Битола станува прилично интересна за инвеститорите, но засега не е познато дали е тоа поврзано со од поодамна најавеното нејзино потенцијално присоединување кон Комерцијална банка, нешто што го објавија своевремено двете банки, и што требаше да почне да се преговара и реализира многу скоро, или поточно по усвојувањето на завршните сметки на банките, кои се предвидени за акционерските собранија токму за следните денови.

Преку берзанска блок трансакција некој вчера купи солидна количина акции од Стопанска банка Битола, плаќајќи за неа сума од над 753 илјади евра.

Голем износ платен во еден ден за познат купувач, а не е мал ниту процентот на акционерски капитал што е продаден и купен, бидејќи станува збор за 4,1 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката.

Или прецизно, на блок трансакцијата поминала количина од 16.019 акции, по цена од 2.892 денари за акција, која е повисока од сите досегашни цени на редовното тргување на акцијата. Или, вкупниот износ е 753,3 илјади евра за акционерски пакет од 4,1 отсто од Стопанска банка Битола.

Претходно тргување со акциите на оваа банка имало на 19 март кога се продале 110 акции, по цена од 2.570 денари, а еден ден претходно, на 18 март, се продале само 10 акции, по цена од 2.649 денари.

Според последната состојба од Централниот депозитар за хартии од вредност од понеделникот, единствен сопственик со над 5 отсто акции во банката е компанијата „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто од акциите на СТБ. Точно 801 физичко лице располагаат со близу 47 отсто од акциите, а покрај „Пелистерка“ и други 118 фирми поседуваат заедно 34,5 отсто од акциите на оваа банка. Многу мал пакет од вкупно нецели 2 отсто од акциите имаат неколку странски физички и правни лица.

Дали со вчерашниот блок и каде ќе има промени во сопственичката структура на Стопанска банка Битола, останува да видиме во наредниот понеделник.

Инаку, Билансот на успех на Стопанска банка Битола покажа за минатата година загуба од 3 милиони евра. Од банката објаснија дека оперативната добивка за лани им е одлична и дека има огромен раст во однос на претходната година, но загубата се случила поради резервациите за лошите кредити. Тоа во иднина ќе се промени, најавуваат од банката.

„Банката оствари исклучително позитивен резултат од оперативното работење, односно оствари добивка пред исправка во износ од 146,44 милиони денари (2,4 милиони евра –н.з.), што претставува годишен раст од 50,79 отсто во споредба со 2022 година... Наспроти значително подобрениот оперативен резултат, кумулирањето на нефункционални кредити во претходниот период поради слабата проценка на кредитниот потенцијал на клиентите при одобрување на кредитите, услови зголемен износ на нефункционални кредити, за којшто беа издвоени резервации во износ од 334,48 милиони денари (5,4 милиони евра – н.з.). Во вакви околности и во пресрет на измената во Одлуката за методологијата на управување со кредитен ризик, чија важност е од 1.1.2024 година, Банката почна процес на значајно дисциплинирање на клиентите за навремено подмирување на обврските, процес на забрзана наплата на нефункционалните кредити и на продажба на преземениот имот, што резултираше со позитивни ефекти до крајот на годината“, се вели во објаснувањето кое банката го даде за нејзиниот минатогодишен финансиски резултат.

Инаку, на берзата и во минатиот период поминуваа блок трансакции со акциите на Стопанска банка Битола, но тие беа помали количини.

Како што веќе пишувавме, на 10 ноември дотогашниот претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимоски, поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор, а на негово место за претседател на Управиот одбор е назначена Александара Радевска. 

На крајот на октомври, пак, познатиот бизнисмен Антони Пешев беше именуван за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Тој беше именуван со мандат од четири години, како независен член на Одборот на директори на банката.

Фактор објави дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, со една од нашите најголеми банки, поточно со Комерцијална банка. 

И двете банки открија дека се размислува за таков чекор, но работите ќе бидат појасни во брзо време, откако ќе бидат изготвени завршните сметки на двете банки. Доколку дојде до нивно спојување, ќе настане навистина голема банка, чија актива сериозно ќе се доближи до три милијарди евра.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра