15 Јануари, 2025
0.0992

КОЈ СЕ Е ВМЕШАН ВО „ШЕМАТА“ НА ОНКОЛОГИЈА: Дали и поранешна директорка била вклучена во кражбата? Нов протест во понеделник

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Организаторите на протестот „Протест против убиството на Онкологија“ најавуваат нов протест во понеделник, но воедно и прашуваат „Дали поранешна директорка на онкологија е дел од шемата за крадење лекови??“.

До нас, како неформална организација, пристигнаа информации од пациенти кои биле уценувани да го купат лекот на приватно за да добијат потпис од директорот на Онкологија. Како што констатира и ревизијата на Клиниката за онкологија, за време на директорот Нино Васев немало никакви критериуми кој пациент да го добие лекот и единствено кој одлучувал бил токму директорот Васев. Сведоштва на пациенти говорат дека голем број биле оставени на милост и немилост од потписот на Нино Васев.

Според нашите информации, во шемата каде пациентите плаќале и до 4.000 евра лек, била инволвирана и поранешна директорка на Клиниката за Онкологија. Оваа директорка во минатото добила кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“ поради предизвикана штета на Клиниката за онкологија од неколку милиони евра. Најстрашното е што токму оваа директорка сеуште работи на Клиниката за Онкологија!
Бараме Основното јавно обвинителство на чело со Јовевски да обзнани дали воопшто истрагата за поранешната директорка резултирала со судска пресуда, како и да се отвори истрага за овие наводи кои пристигнаа до нас. Исто така, го повторуваме нашиот ултиматум во рок од една недела ОЈО да излезе со детали до каде е истрагата, со цел повторно одредени партиски ликови да не бидат заштитени од кривичен прогон.

Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестот во понеделник, кој ќе се одржи од 18 часот пред Влада - пишува во нивниот пост објавен на Фејсбук.


Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?