01 Јануари, 2025
0.0298

Колку пари ќе ни донесе усвоениот Закон за глобален минимален данок на добивка?

Објавено во: Економија 29 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во Собранието е усвоен Законот за глобален мминимален данок на добивка, а според експертите тоа на Македонија треба да и донесе дополнителни околу 30 милиони евра на годишно ниво. Станува збор за дополнително оданочување од 5 процентни поени на домашни компании зад кои стојат мултинационални корипорации кои имаат годишен обрт од над 750 милиони евра. Како што претходно најавија експертите, данокот ќе се наплаќа од 2026, но ќе важи за резултатите од оваа година.
- Како што најави премиерот Мицкоски, до крајот на 2024, на предлог на Владата и Министерството за финансии, Собранието го усвои Законот за глобален минимален данок на добивка. Со пропишувањето на обврска за плаќање квалификуван домашен дополнителен данок се заштитува даночната основа во Република Македонија.

Мултинационалните компании кои вршат дејност во Република Македонија, дополнителниот данок ќе им се наплати во нашата земја, а не во земјата каде што мултинационалната компанија има седиште, објави заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски на социјалните мрежи.

Според стручњаците, тоа би бил мал број на такви компании во Македонија, а а како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, се работи за корпорации од типот на Телеком, А1 Македонија, Цементара, ЕВН и евентуално некои други.

– Кај нас има три типа такви компании. Првиот тип се оние кои користат даночни олеснувања и се во слободните економски зони, втори се оние кои користат даночни олеснувања, но се надвор од овие зони и третиот тип се компании кои даваат услуги на слободниот пазар, на пример Телеком, А1, Цементара, ЕВН итн. Тие мора да платат 15 проценти данок. Според македонскиот даночен систем данокот е рамен и изнесува 10 отсто. Што ќе се случи? Компаниите оствариле профит од 100 парички, од кои ќе платат 10 парички тука, во Македонија, а останатите 5 ќе мора да ги платат во матичната држава. Тоа не е фер. Ако тие профитираат  од македонските граѓани, ако македонските граѓани ги плаќаат сметките, тогаш треба тие 15 проценти да ги плаќаат тука – рече Мицкоски.

Владата, додаде тој, ги информирала компаниите кои ги исполнуваат овие услови и тие немале нипто против.


Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТУАЛЕН РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: БиХ и Црна Гора се лидери во регионот

НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТУАЛЕН РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: БиХ и Црна Гора се лидери во регионот

АД Пошта предвреме ги отплати кредитите за да заштеди на камати

АД Пошта предвреме ги отплати кредитите за да заштеди на камати

ОВА СЕ ШЕСТЕ НАЈГОЛЕМИ МАРКЕТИНШКИ ГРЕШКИ ВО 2024 ГОДИНА - како големите компнии упаднаа во сопствената замка

ОВА СЕ ШЕСТЕ НАЈГОЛЕМИ МАРКЕТИНШКИ ГРЕШКИ ВО 2024 ГОДИНА - како големите компнии упаднаа во сопствената замка

ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО 2025! Како тоа ќе влијае на нашите луѓе кои работат таму?

ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО 2025! Како тоа ќе влијае на нашите луѓе кои работат таму?

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

Ели Дракуловска нова претседателка на АСО со одлука на Собранието

Ели Дракуловска нова претседателка на АСО со одлука на Собранието

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА – ОВА Е УБЕДЛИВО НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО 2024: „Германскиот крал“ не е на врвот

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА – ОВА Е УБЕДЛИВО НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО 2024: „Германскиот крал“ не е на врвот

НОВА РЕВОЛУЦИЈА – ПО 50 ГОДИНИ БАРКОДОТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Carrefour, Lidl, Procter and Gamble, L'Oreal, PepsiCo, Nestlé ја прифаќаат промената

НОВА РЕВОЛУЦИЈА – ПО 50 ГОДИНИ БАРКОДОТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Carrefour, Lidl, Procter and Gamble, L'Oreal, PepsiCo, Nestlé ја прифаќаат промената