27 Септември, 2024
0.0357

Колку собрале, а за што потрошиле лани градските власти?

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Минатата година во градската каса се собрале помалку пари од првично планираното. Според Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2015 година, вкупните приходи во кои спаѓаат приходи од кредити, донации, дотации и од градската каса, лани изнесувале 78,3 милиони евра, што е за речиси 18 милиони евра помалку од сумата што првично била планирана. Во структурата на вкупно остварените приходи најголемо учество имаат даночните приходи со 40,2%, приходите од трансфери и донации 31% и капиталните приходи со 17%. Но споредено со планот, се забележува потфрлување кај неданочните приходи, додека кај даночните има зголемување во однос на сумата што била проектирана. На расходната страна, од вкупниот Буџет на Град Скопје се потрошиле 70,7 милиони евра, наспроти планираните 96,5 милиони евра. -Во структурата на расходите реализацијата на капиталните расходи е само 31%, додека на тековно оперативните расходи изнесува 69%, стои во образложението од Град Скопје. Најмногу пари од данок на имот, такси и глоби  Во градската каса односно во основниот Буџет на Град Скопје лани се собрале 52,7 милиони евра или 11,3 милиони евра помалку од прцичната проекција. Анализирано по структура најмногу пари се собрале од данок на имот, такси и услуги, глоби, судски и административни такси.
Основен Буџет(евра)            план 2015г.        реализација 2015 г.
Данок на доход,добивка          9.154.471           10.455. 537
Даноци на специфични услуги,
такси и услуги за дејност              65.040                   72.414
Глоби, судски и админ.такси       146.341                         182.690
Такси и надоместоци                4.195.121                      5.533.902
Лани од градската каса се потрошиле 45,6 милиони евра -Во структурата на извршените расходи во основниот буџет учеството на тековно оперативните расходи изнесува 52%, додека пак учеството на капиталните расходи изнесува 48%, стои во образложението од Градот Скопје. За субвенции за јавните претпријатија што се под капа на Градот се потрошиле над 3,5 милиони евра, за основни плати 2,5 милиони евра.Потфрлување им а кај капиталните расходи за што лани се потрошиле 21,5 милиони евра наспроти планираните 35,9 милиони евра. За градежни објекти од градската каса лани се издвоиле нешто повеќе од 6 милиони евра. Ако се анализира по сектори, најмногу пари лани се потрошиле за Секторот за планирање и уредување на просторот. Во овој сектор, дел од планираните проекти се реализирале, но за дел иако биле планирани не се потрошени пари односно не се реализирале. Така иако планирано лани немаше реализација на проектот за Луна Парк, подземната улица ЛИМАК, дел од улиците како Павел Шатев, булеварот АСНОМ, булеварот Никола Карев, водсоводот во Шуто Оризари и други. Дел пак парите се потрошени за реконструкција и доградба на фасади, изградба на Градската куќа, катни гаражи и лифтови за во гаражите, реконструкција и изградба на тротоари, плоштади и фонтани, реконструкција на дел од улиците,булеварите, комунална инфраструктура и друго. За годинава градските власти проектираа поголем буџет За годинава приходите во вкупниот Буџет на Град Скопје се проектирани на 108.158.308 евра, а расходите на 109 милиони евра. Дефицитот е проектиран да изнесува 1.626.016 евра. Според податоците од основниот буџет на Град Скопје, градските власти догодина ќе имаат на располагање близу 71 милион евра за тековни и капитални расходи. Од оваа сума, најмногу пари се планирани за Секторот за планирање и уредување на просторот. Дел од проектите Градот Скопје ќе ги реализира со кредити, за што планира задолжување во висина од околу 3,9 милиони евра.И годинава ќе има пари за изградба на Градската куќа, подземата сообраќајница од Влада до Народна банка, за изградба на новиот Луна Парк, за нови фасади, субвенции за јавните претпријатија.Останатите проекти се однесуваат на изградба на нови улици, реконструкција на веќе  постоечките улици и булевари, изградба на атмосферска и фекална канализација, игралишта, манифестации, проекти во областа на образованието, сообраќајот,културата, социјалата,животната средина и друго. Дел од проектите за годинава веќе почнаа да се реализираат. Така веќе се подготвени архитектонските решенија за промена на фасадите во центарот на Скопје. Нови барокни фасади ќе добијат над 10 објекти лоцирани на улица „Македонија“, „Даме Груев“, згради на булеварите „Свети Кирил и Методиј“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Крсте Петков-Мисирков“ и на „Кочо Рацин”, а освен нова фасада и доградаба е планирана за објектот „Стар Метропол”. Советниците од опозициската  СДСМ на вчершаната седница обвинија дека менувањето на фасадите е лудост, а градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски треба да поднесе оставка. -Граѓаните на Скопје нема да добијат пари за дополнителни мерки за борба со загадувањето на воздухот, нови училишта и градинки, лекување на тешко болни деца во странство, изјави  Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. Од СДСМ посочија  дека за фасади само годинава се планирани да се потрошат 5,7 милиони евра, а досега се потрошени над 10 милиони евра. Но во планот за изградба на нови објекти не влезе изградбата на нова Универзална сала, бидејќи како што информираа градоначалникот Трајановски и министерката за култура Елизабета Канчевска- Милевска немало пари за нов проект, и наместо да го добие изгледот на „јајце“ кој според проектот чинел околу 65 илјади евра, салата само ќе се реконтруира за што ќе биле потребни околу 15 милиони евра. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања