27 Ноември, 2024
0.0287

КОЛУМНА НА ВИКТОР ГРОЗДАНОВ: Гробари на Македонија, животот и рударството

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Еден многу драг колега и другар од ЈСП-Скопје, обично го викаат „прецизниот“ ми вели навистина не можам да разберам што бараат луѓево кои се против изградба на рудници. Поучно ме потсети дека има една народна. Кога некого ќе прашаш: Како дуќанчето? Ако му оди добро одговара: РУДНИЧЕ! И другарот мудро поентира дека секаде на светот поимот рудник секогаш асоцира на богатство.

Вака ја започнува својата колумна за порталот Нетпрес Виктор Грозданов.

Арно ама не сите и посакуваат богатство на оваа наша заедничка држава. Некои сакаат лично богатство на сметка на сигурниот развој на државата. Има и такви кои ја имаат измислено вештата балканска измама брендирана со кованица од втората светска војна, „Рудници на смртта“.

Оваа кованица е изворно наметната од историографијата и кинематографијата направена по југословенски стандард или скратено ЈУС. Се среќава во многу филмови за Африка и Индија, како и од концентрационите логори од втората светска војна кога била злоупотребувана жива сила за потребите на нацистичката идеологија.  Впрочем второво е автентично и тоа живописно го објаснува др. Томислав Пајиќ, а каде уредник е др. Петар Качавенда во книгата „Принудна работа и отпор во логорите на Рудникот Бор 1941-1944 година“. Во овие логори поминале околу 100.000 луѓе од Југославија, сите нејзини соседи и останати делови на Европа. Во овој период во источна Србија било предвидено изградба на огромен рударско металуршки комбинат посебно во искористувањето на БАКАР, кој е стратегиска суровина за тогашната германска воена машинерија. Мислам дека кога денес го гледам воениот судир во Украина, не верувам дека значењето е поинакво во т.н. наменска металургија.

Еве од каде доаѓа „РУДНИК НА СМРТТА“.

За жал денес сме соочени со група на луѓе кои најмалку од се’ и посакуваат добро на Македонија. Тие велат: Рудници нема да имаме. Речникот со кој свесно и со умисла се служат особено оние малкумина (во последно време изразено нервозни) од струмичката котлина, автентично го пренесувам:

Наместо некој да го елиминира народот во струмичко, ние најсоодветно ќе ги елиминираме сите што ќе пробаат да отворат рудник, особено што ќе тргнеме од локалните скриени инвеститори на кои им се гледа профит од багери, камиони и удели во рудникот! Во изминативе 7 години нема да е прв пат да одговараме на закани со закани и ова нека си го разберат како што сакаат! РУДНИК НЕМА ДА ИМА! П.С. Светот е мал и во него може да се бега, но никако не може да се скрие!“

Само новинарски добродетели (како моите поранешни колеги од различни  редакции), а кои сеуште се наивни и ќе Ви кажат дека тоа е метафора. За жал, не е така: Господата од „Здрава Котлина“ по сите светски стандарди и дефиниции се служат со софистицирани електронски закани кон трети лица во несоодветни утрински часови, а во исто време се закануваат со животно загрозувачки пораки кон: Мене (Виктор Грозданов), Бранко Геровски (еден од гуруата на новинарството), Крешник Бектеши (Министер за Економија, практично државата) и Живко Груевски (стопанственик и дипломат), а потоа и Огњан Лазаров (геолог во пензија и жител на Босилово) и Никола Стаменов (поранешен претседател на Федерација на фармери на Република Македонија и жител на Иловица).

Да бидеме на чисто. Ваков тип на закани користи само една земја на светот. Ниту една друга. Само оние кои живееле и работеле таму, а токму такви луѓе го потврдија мојот сомнеж дека станува збор за закана, која можеби е имитација и злоупотребена или пак вистинска.

Значи, јас сум принуден да делувам во две насоки:

- Информирање на сите амбасади за заканите, со посебен акцент првенствено на Руската федерација, Велика Британија, САД и ЕУ. Со една причина. Да им покажам на нарачателите дека не само што не сум корумпиран колумнист, туку не сум ни глупав.

- Соработка со сите Државни институции

Инаку станува збор за ликови кои се вечни кандидати за рекламирање пелени и кои од паника самите се разоткрија многу брзо, сега се принудени да одработат заштита на идентитетот на своите наредбодавци и немаат апсолутно никаква природна конекција со екологија. А кои се, читајте внимателно.

Најголемата измама на овие неколкумина лажни еко активисти е дека ќе има 5 сантиметри прашина низ целата Струмичка Котлина од рудникот Иловица. Па, во прашината е металот. Нема таков технолошки процес кој еден металург би го дозволил за да му избега прашината врз полето. Па токму заради тоа се бара рударска вода за запрашување и задржување на прашината и таа истата мора да ги задоволи пред се’ човековите потреби. А, моите професори го предупредија „Еуромакс“ дека е најпаметно да преминат на сува постапка за намалување на потребата од вода и во исто време да не го загрозат биодиверзитетот на струмичкото поле, по што овие пак веднаш ја контактираа англискатата компанија „FL Smidth“ за можноста за проектирање на суво јаловиште кое ќе го намали користењето на водата и ризикот од еколошки проблеми.

Дали сте слушнале некогаш за предметот „Теорија на металуршки процеси 2 и првата глава 1 Сушење“. Нормално не. Има еден дел вели: Транспортот на сув ситнозрнест концентрат е многу непогоден дококу не е содржана извесно количество влага. Ова е наука.

Концентратот на рудникот Бучим ја користи следнава траекторија: Бучим својот концентрат од флотациската постројка го транспортира со камиони преку Радовиш- Струмица-Босилови-Ново Село – Петрич до топилницата во Пирдоп (Бугарија).

Но, најинтересно е дека еко активистите молчат. Не им сметаат камионите. Па, нели ќе се борите против приватните интереси, камиони и багери. Туку да му кажете на Николајчо Николов (некогашниот директор на Бучим), Виктор Грозданов те пишува и те поздравува со следниве факти, а ние еколошки мораме да молчиме.

Дали се вистинити следниве факти, на кои ние слободоумните имаме право да поставиме отворено прашања, а се во интерес на заштита на интересот на Македонија и сите нејзини граѓани:

- Дали Николајчо Николов од позиција директор на рудникот Бучим и претседател на Македонската Асоцијација за Рудурство (МАР) има интервенирано (со сите расположиви средства посебно финансиско лобирање) во сите законски решенија и стратегии за искористување на минерални суровини да биде нотирано дека во Македонија може да постои само еден рудник за експлоатација на стратешката руда Бакар, а тоа е Бучим?

- Дали Николајчо Николов има поднесено предлог Бучим во помали наоѓалишта за Бакар кои се наоѓаат на самата граница со Бугарија да изврши директно инјектирано лужење со сулфурна киселина во почвата, со што веднаш би се случило загадување на подземните води во Бугарија, и тоа да биде искористено како аргумент плус на тогашните власти кај нашиот источен сосед да уценуваат во добрососедските преговори со Македонија? Дали е точно дека расположивите научници ја предупредиле тогашната Влада да не влегува во такви еколошко – политички авантури?

Ова се прашања на кои тешко се дава одговор.

Целата колумна можете да ја прочитате на порталот Нетпрес

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа