Командат Соколи со шокантно сведочење - Специјалците ги убија нивни колеги
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017
Во продолжението од судското рочиште за Кумановската битка сведочеа самите осомничени за тероризам. Исказ даде Сами Ушкини познат како Командат Соколи кој вели дека неговата група не била виновна за тероризам, а специјалците во акцијата биле убиени од страна на македонската полиција со тешко оружје.
Тој поседувал само автоматска пушка Калашников, но не командувал. Таа задача ја имале Бег Ризај и Мирсад Ндрцај.
- Во нив е пукано од нивните колеги-полицајци со тешко оружје. Можам да кажам дека предводници на групата која беше во Диво Насеље беа Бег Ризај и Мирсад Ндрцај. Јас во населбата дојдов на 3 мај по повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата но тие одбија. Еден член од групата, Шефќет Калачи, на 9 и 10 мај преговараше со ОБСЕ целата група да се предаде. Но, од ОБСЕ ни беше кажано дека и после 3 часа преговори, челниците на МВР одбивале да се предадеме - изјави Укшини.
Ушкини истакна дека учествувал и во конфликтот од 2001-та година и дека во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор. Според Укшини, договорот до 2004-тата не бил спроведен.
Во судот, продолжува сослушувањето на останатите обвинети меѓу кои има директни учесници во дводневната битка со македонската полиција како и нивни помагачи.