06 Октомври, 2024
0.0254

„Комерцијална банка“: Расте нето приходот од камати, загуба и годинава ама помала од лани

Објавено во: Економија 05 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Резервациите на потенцијално лоши кредити надминаа една милијарда денари, а оштетувањето на нефинансиските средства достигна 349 милиони денари. И покрај солидниот раст на нето приходи од камати, од провизии и надоместоци во првата половина од годинава банката е во загуба од 3 милиони евра „Комерцијална банка“ оствари 1,51 милијарди денари (24,4 милиони евра) нето приход од камати во првата половина од годинава. Во споредба со истиот период лани нето приходот од камати пораснал за 174 милиони денари (2,9 милиони евра), покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех на оваа голема македонска банка. Но и покрај растот на нето приходите од камати тие во првата половина од годинава се за 156 милиони денари пониски од нето приходите од камати на најголемиот ривал – „Стопанска банка Скопје“. Во првата половина од годинава банката книжи 443 милиони денари нето приходи од надоместоци и од провизии што е приближно исто ниво и во однос на истиот период лани. Кај нето приходите од провизии и надоместоци банката периодот мај-јуни е подобар од првиот квартал од годинава додека кај нето приходите од камати првиот квартал е за околу 5 отсто подобар од вториот квартал. Билансите покажуваат дека довербата на штедачите во „Комерцијална банка“ и понатаму е на високо и завидно ниво затоа што расте трендот на депозити и влогови. Нивното ниво на крајот на јуни изнесува 82,1 милијарди денари ( речиси 1,33 милијарди евра) што во споредба со истиот период лани е зголемување за 2,2 милијарди денари (35,6 милиони евра). Кај основната дејност – кредитирањето забележлив е тренд на намалување на нивото на кредитни пласмани за клиенти (со исклучок на банките). Нивото на кредитирање на крајот на јуни изнесува 47,52 милијарди денари што е за 134 милиони денари односно за 0,3 отсто помалку од истиот период лани. Наспроти тоа во првата половина од годинава во споредба со лани значајно растат пласманите на оваа банка во хартии од вредност (во најголема мерка државни обврзници и записи). Нивната вредност на крајот на јуни изнесува 5,44 милијарди денари што е за 2,1 милијарди денари повеќе од нивната вредност во истиот период лани. Солиден раст има и кај ставката кредити на и побарувања од други банки, растот е за 2,33 милијарди денари до ниво од 10,7 милијарди денари регистрирано на крајот на јуни годинава. Резервациите и понатаму најслаба точка на „Комерцијална банка“ Според податоците од билансот на успех на „Комерцијална банка“ популарно наречените резервации за лоши или потенцијално лоши кредити и понатаму се најболна точка во ставките на билансот на оваа голема македонска банка. На крајот на првото полугодие, банката согласно со законската регулатива, резервирала 1,09 милијарди денари што претставува раст од 243,2 милиони денари во споредба со билансот за истиот период лани. Ова значи дека нивото на потенцијално ризични за наплата кредити е повисоко од лани штом банката го зголемила нивото на средства што ги резервира за да покрие потенцијални загуби од тие пласмани. Во овој период значајно пораснал и износот на загуби заради оштетување на нефинансиски средства на нето основа и тој изнесува 349 милиони денари или 84,9 милиони денари повеќе од истиот период лани. Банката во овој период на расходната страна успеала да ги скрати трошоците за амотризација, за вработените како и останатите расходи од дејноста. Но и покрај тоа првата половина од годинава банката ја завршила до загуба од 181,4 милиони денари (околу 3 милиони евра), која пак во споредба со истиот период лани е пониска за 41,8 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?