Комплексот „Македонско село“ ги рашири вратите за туристите
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2016
Уште едно место плус за странските туристи.
Комплексот „Македонско село“ распослан на 2.000 метри квадратни во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ официјално ги отвори портите за посетителите.
Автентичните куќи со традиционалната македонска архитектура може да соберат 100 гости кои ќе може да уживаат во хотел, ресторани и дополнителни содржини.
Со објектот стопанисува Компанијата „Тинекс“ која ќе биде негов концесионер во следните 20 години.
Надлежните задоволни од комлексот велат дека ќе се зголеми бројот на туристи кои на едно место да ја видат цела Македонија во мало, нејзината историја, традиција, архитектура, култура и да уживаат во гастрономијата и македонското вино.