Конечен крај на MSN Messenger
Објавено во: Мои пари 29 Август, 2014
На 31 октомври оваа година ќе биде ден кога Microsoft MSN Messenger, односно Windows Live Messenger ќе отиде во пензија.
Доколку мислите дека веста ви звучи познато, во право сте. Microsoft минатата година најави најави гасење на сервисот на 15 март. Меѓутоа, во Кина продолжил да работи и после овој датум. Сега и кинеските корисници ќе мора да прејдат на Skype.
MSN Messenger постои од 1999 година и беше главен ривал на AOL-овиот AIM сервис, а својата кариера конечно ја завршува после 15 години постоење.