Конечно познато кога ќе се носи одлука за Бошковски и Грујовски
Објавено во: Македонија 27 Април, 2018 12:16
Пo еден чaс зaд зaтвoрени врaти и дaден искaз, во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба
за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлукaтa на судот ќе биде сooпштенa нa 18 мaј, јави
допосничката на МИА.
На барање на адвокатите, судницата денеска беше испразнета. Во салата останаа само Грујевски и Бошковски, адвокатскиот тим, двајцата преведувачи и полициското обезбедување, но и адвокатот од Македонија, кој е сведок во случајот.
Адвокатите исто како и на претходното рочиштена 9 март инсистираа да се расправа зад затворени врати бидејќи, според нив, станува збор за политички прогон, а Грујевски и Бошковски се обвинети за политички криминал (нешто со што тие како одбрана не се согласуваат). Сметаат дека во исказот што ќе го дадат има прашања што се доверливи, кои не се за јавност. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.
За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и
меѓусебно неповрзани процеси.
Едниот процес е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром,
судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.
Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември минатата година.
Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но
одложено, поради тоа што тие веќе се наоѓаа во Атина.
Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5
јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а
веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го
разгледа Врховниот суд во Атина. /МИА
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




