15 Јануари, 2025
0.0384

КОНКУРС: Пријавете се за најеколошка компанија

Објавено во: Македонија 27 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек Јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта. Заинтересираните може да се пријавуваат на овој конкурс до 16 мај 2016 година.

Според условите на конкурсот, Градот Скопје избира:

1.Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина);

2.Најголем придонес во областа на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, за заштита на медиумите и областа на животната средина, за намалување на користењето необновливи видови енергија и слично);

3.Најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект);

4.Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта), и

5.Најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и од средните училишта).

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта, на адресата: Град Скопје - Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден, број 82, или во архивата на Градот, како и на телефонските броеви 3297-273 и 3297-304.

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (за двор во индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија се предвидени две награди: една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на администрацијата и невладините организации.

Јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта Градот Скопје традиционално го објавува во рамките на манифестацијата „Денови на пролетта - Денови на екологијата“.

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба