Добивај вести на Viber
Коосновачот на Twitter, Џек Дорси, влезе во бордот на директори на Walt Disney, пишува весникот " Волстрит журнал " . Претседателот и извршен директор на Walt Disney Company Роберт Аигер изјави дека привлекувањето на Дорси во управувањето на забавниот гигант ќе му помогне да ги реализира своите стратешки цели.
Тие предвидуваат " повеќе ефикасно користење на најновите технологии и платформи за да се привлечат голем број на луѓе и да се подобрат односите со клиентите " .Од своја страна , Дорси забележува дека поканата да влезе во бордот на директори на Walt Disney е голема чест за него .
" Disney е компанија на сите времиња . Компанијата со која ние сме пораснале и на која и се восхитувам " , изјави тој.
Агенција Асошиејтед прес наведува дека Дорси започнува со работа веднаш . Тој ќе го заземе местото на Џудит Естрин , поранешен технички директор на компанијата Cisco . Во март следната година за време на редовното собрание на компанијата ќе биде изгласано вклучувањето на Дорси во бордот на директори за целосен мандат.