Косовскиот амбасадор бара Македонија да не го екстрадира Морина „за да не се нарушат односите“

Објавено во: Македонија 03 Август, 2019 08:30
Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, побара македонските власти да не го екстрадираат уапсениот Томор Морина, поранешен член на ОВК, во Србија, бидејќи тоа ќе може да ги дестабилизира односите помеѓу двете земји.
„Сепак, потсетувам дека неговата екстрадиција целосно се коси со човековите права и е незаконска и неприфатлива. Не треба да се случи, бидејќи можното екстрадирање веќе нема да биде на лична штета на Томор Морина, туку може да има последици врз меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. Не би сакале ваквите случаи да влијаат за можно нарушување, за кое, ние како Косово, воопшто не сме заинтересирани“, рече синоќа Дедај за ТВ21.
Истовремено и Србија бара од Македонија да го екстрадира Морина, повикувајќи се на меѓународното право, бидејќи се работи за налог од Интерпол.
Можеби ќе ве интересира
ЈАНЕВ: Парите кои требаше да завршат кај вистински загрозените категории на граѓани, завршувале кај измамници

МИЦКОСКИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

ПО ОБЈАВЕНОТО ВИДЕО СНИМЕНО НА „БУТЕЛСКА“: Казнет е возачот кој се движеше по велосипедска патека

ОДДАЛА СЛУЖБЕНА ТАЈНА: Претседателката на ДКСК дала податоци на вмешан во случајот „Адитив“

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост
