„КОСОВСКИТЕ ПРОДАВНИЦИ СЕ ПРЕПЛАВЕНИ СО ЛАЖНИ МОНЕТИ КОВАНИ ВО МАКЕДОНСКИ ФАБРИКИ“ - шокантно тврдење на поранешен косовски министер
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2023
Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, тврди дека е голем проблемот со големиот број фалсификувани монети од две евра, кои, според него, биле ковани во фабрики во Македонија. Според него, сега продавниците, паркинзите и другите услужни дејности во Косово сега одбиваат железни монети од две евра при наплатата, а како што нагласува, во нивната држава доминира плаќањето со готовина.
„Огромен проблем со лажни монети од 2 евра во Косово. Продавниците се преплавени со лажни монети, донесени во Косово од фабрики со седиште во С.Македонија. Многу апсења беа извршени неодамна. Продавниците, паркинзите, службите сега ги одбиваат сите монети од 2 евра, во нашата економија во која доминира готовина.
Huge problem with fake 2 Euro coins in Kosovo. The shops are flooded with fake coins, brough to Kosovo from factories apparently based in N.Macedonia. Many arrests made recently. Shops, parking attendants, services are refusing now all 2 Euro coins, in our cash-dominated economy. pic.twitter.com/UvR6a7Dc6b
— Petrit Selimi (@Petrit) December 1, 2023
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.