Ковачевски по средбата со Мицотакис: Со Грција се договоривме да не забранува извоз на јаглен и мазут за Македонија
Објавено во: Економија 13 Септември, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис во Атина пре дмедиумите рече дека на состанокот е договорено Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Македонија.
- Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и првиот квартал од 2023 во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ќе има непречено снабдување со мазут преку Грција, за непречено да функционира ТЕЦ Неготино. Веќе се јавуваат недостатоци на енергенси во европа, па треба да обезбедиме непречено снабдување со овие суровини и да нема нивно ограничување при увозот, рече Ковачевски.
Тој додаде дека со Мицотакис се разговаралчо за големите проекти, како гасоводот до Неготино од Евзони, за кој веќе има понуди за закупување на капацитети и би требало изградбата да започне до крајот на годината. Се разговарало и за голема гасна централа до 200 мегавати во Скопје, за која има веќе анализи како стратешка инвестиција пред Влада.
Ковачевски додаде дека за изградбата на проектот Чебрен има единствена понуда од грчката ППС. Таа ќе помине низ филтрите на евалуација и до крајот на годината може да да се очекува потпишување на договор за изградба.
- Имаме постапки за набавка на овие суровини и тие се прават во континуитет. Грција има големи наоѓалишта на јаглен и компаниите во Грција и нашиот ЕСМ треба да направат анализа за подолгорочно снабдување и испорака во Северна Македонија, додаде Ковачевски.