„Крадци, убијци“ извикуваа граѓаните на протестот
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2023
„Каде се Филипче и Заев со мотори да се возат?, извикуваа револтираните граѓани на протестот пред Владата вечерва откако се појави афера дека вработени на Клиниката за онкологија нелегално продавале лекови за канцер на Косово. „Оставка“ извикуваа граѓаните.
„Крадци, убијци“ извикуваа граѓаните на протестот. Организаторите на протестот најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку ќе бараат и кривична одговорност за владините функционери. Протестот од Владата, ќе продолжи пред Министерството за здравство. Обвинителството заедно со крим полицијата веќе ги проверуваат сите документи кои ги запленија од онкологија, како и одземените компјутери. При вештачењето на материјалот кои го одземаа во петокот од Клиниката, ќе се бараат секакви докази, материјали, заведени документации на пациенти кои ќе ги однесат до евентуалните виновници во случајот со клиниката. Покрај „чешлањето“ на документацијата, се вршат и распити.
фото принтскрин Макфакс