21 Мај, 2024
0.0259

КРИТИКА ЗА АЛБАНИЈА: Ја обвинија дека не ги почитува правата на малцинствата

Објавено во: Балкан 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Во Албанија не се почитуваат правата на етничките малцинства. 

Ова го изјави претседателот на Партијата за заштита на човековите права (ПБДНЈ), Вангел Дуле. Се работи за партија на грчкото малцинство во Албанија. 

Вели дека тоа се потврдува и во последниот извештај на Советот на Европа, во кој се наведува дека правата на етничките малцинства во Албанија не се почитуваат и дека земјата се рангира меѓу земјите кои имаат најниски стандарди по ова прашање. 

Тој смета дека е потребен искрен политички дијалог за подобрување на правната рамка за малцинствата.

„Во извештајот на Советот на Европа се наведуваат сите загрижености и критики на кои посочуваше Партијата за заштита на човековите права во политичкиот живот. Второ, извештајот дава жална оценка на реалноста дека во нашата земја не се почитуваат правата на малцинствата. Се обраќам на политичката класа дека на Албанија ѝ е потребен искрен дијалог за подобрување на правната рамка за малцинствата. Да се активираат сите инструменти кои ќе го овозможат овој дијалог“, изјави Дуле.

Смета дека Албанија е земја каде најмалку се почитуваат правата на малцинствата и дека е неопходно да се подобрат стандардите.

Претходно и Грција барала при пописот, Албанија да ги почитува малцинставата, но и ОБСЕ бараше подобар третман за малцинставата. 

Европската перспектива на Албанија зависи од нејзиното однесување, порача минатата година лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СПАСЕНИ ДВЕ ЖЕНИ И ДЕТЕ ВО УЖИЦЕ: Нивниот автомобил беше потопен

(ВИДЕО) СПАСЕНИ ДВЕ ЖЕНИ И ДЕТЕ ВО УЖИЦЕ: Нивниот автомобил беше потопен

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил

НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата