Кривичен суд: Одреден 30-дневен притвор за членовите на терористичката група
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024
Кривичен суд Скопје информира дека е одреден 30-дневен притвор за членовите на терористичката ќелија кои вчера беа уапсени на територијата на Струга и Гостивар.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно рече дека групата била следена подолг период и дека планирала да ја дестабилизира земјата.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење
организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување
присуство против 4 лица, осомничени за кривичното дело Терористичка
организација од чл. 394 – а од КЗ, донесе решенија со кои го прифати
предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четири лица кои, утрово беа спроведени
во судот, им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, информира судот.
Уапсените против ова решение имаат право на жалба. Станува збор за лица кои се македонски државјани.
Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите има основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.