15 Јануари, 2025
0.0261

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТЕН ВО МВР - наместо на жиро сметка, парите си ги присвојувал

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Двеипол години вработен во Министерството за внатрешни работи си присвојувал пари наместо да ги уплати на жиро сметката на МВР. 

Како што соопштуваат од министерството, вработениот бил во сектор Оддел за граѓански работи - Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Охрид и тој наместо да им помогне на граѓаните да уплатат на жиро сметка, им советувал парите да му ги дадат нему, по што си ги присвојувал. 

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднел кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи - Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР - соопштуваат од министерството.

Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, соопштуваат од МВР, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.

- Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари. Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка - се појаснува во соопштението од МВР. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори