07 Октомври, 2024
0.0270

КРИЗА: Министерот ќе троши, гувернерот ќе го затегнува ременот!

Објавено во: Економија 23 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Првиот сигнал дека политичката криза удри врз економијата се криеше во изјавата на министерот за финансии Зоран Ставрески, кој соопшти дека приходите од ДДВ, носечкиот данок за полнење на буџетската каса, се пониски од планираното. Токму приливите од ДДВ, велат економистите, се показател за економската активност и потрошувачката во земјава. Дека економијата е во пад покажа и најновото истражување на Асоцијацијата за економски истражувања, според кое годинава треба да се збогуваме со проекцијата за раст од 4,1%. Се затвораат вентилите за кредитирање ? Додека Владата молчи дали кога и како ќе направи ребаланс на Буџетот, со оглед на тоа што во првиот квартал од годинава се потрошија нешто повеќе од 102 милиони евра од буџетскиот дефицит а проходите од ДДВ се пониски од планираното, гувернерот на Народната Банка, Димитар Богов најави заострување на монетарната политика. Оваа најава го вклучи алармот кај бизнис заедницата, која по повеќе месечен “молк“ застана на иста линија, Стопанствениците од неколку бизнис комори заеднички оценија дека заострената монетарна политика ќе ги поскапи кредитите, кои се услов не само за развој, туку и за преживување на приватниот сектор. “Ако се случи такво нешто, односно ако се оставарат најавите на НБРМ, очекувам тоа да не биде драстично, или да биде во рамките на некоја поднослива мерка зошто без кредитна поддршка, стопанството тешко ќе може да функционира и сето тоа негативно, би рекол, лошо ќе се одрази врз вкупната економија, врз компаниите“, изјави Митко Алексов од Сојузот на стопански комори апелирајќи за што побрза разрешница на политиката криза. Дали гувернерот Богов прати предупредувачки сигнал или пак се обидува да остави простор за натамошна експанзивна фисклана политика? Економистот и претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов вели: “Гувернерот Богов не кажа отворено, но станува сосема јасно дека тој е подготвен да „печати пари„ кои ќе го хранат овој режим. Од таа причина тој најавува можна „рестриктивна „ монетарна политика и зголемување на каматите. Инфлаторното финансирање граѓаните брзо ќе го почувствуваат, вербата во денарот ќе се изгуби и ќе тргне стампедото на промена на влоговите од денари во евра, долари, франци.Тоа ќе создаде притисок на курсот и може да не внесе во катастрофична состојба“ Дел од економистите сметаат дека сигналите на НБРМ треба да се сфатат сериозно, дури и да се во форма на предупредување. “Во оваа фаза мислам дека најавата на гувернерот Димитар Богов дека е можно заострување на монетраната политика е во функција на превентивно делување бидејќи во моментов на девизниот пазар нема значајни притисоци, но што ова е најавенот мислам дека и треба да се очекува дека ќе се случи. Заострената монетрана политика директно ќе влијае врз вкупната економија. Тоа пред се значи дека ќе се зголемат каматите за кредитите, што ќе предизвика намалена кредитна активност. А токму кредитите се клучниот фактор за развој на фимите, па понекогаш дури и значајни за опастанок на компаниите“, вели економистот Благица Петревска. Последната априлска Анкета за кредитна активност, која го анализира последниот квартал од лани, но и состојбата во првиот квартал од годинава, покажува дека вкупната политичка состојба во земјава сепак има влијание врз политиките на банките. Ризикот од неизвесноста ја зголемува претпазливоста на банкарите. Условите за кредитирање во периодот што следува нема да се олабавуваат, како што претходно очекуваа менаџерите од банкарскиот бизнис. “По континуираното подобрување од вториот квартал на 2014 година, во првото тримесечје на 2015 година се забележуваат влошени согледувања за ризиците од страна на банките. Во вакви услови,очекувањата за вкупната економска активност и за перспективата на гранката на која припаѓа претпријатието,како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето придонесуваат кон нето- заострување на условите за одобрување корпоративни кредити“, пишува во анкетата. Во очекување на потегот на НБРМ, бизнис заедницата стравува дека во услови на заострено и поскапо кредитирање први на удар ќе бидат малите и средни бизниси. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми