КРИЗА ЗА СВОЈ ДОМ: Младите Македонци и на 32 години живеат со родителите
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2024
Младите Македонци и на 32 години живеат со родителите.
Младите на Балканот најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители. За разлика од нив, младите во Финска, Данска и во Шведска многу помлади се осамостојуваат.
Младите во Црна Гора, во Македонија и во Хрватска тешко се одлучуваат да го напуштат родителскиот дом. Статистичките податоци покажуваат дека младите во Црна Гора во просек на 33 години, а во Македонија на 32 години сè уште живеат во заедница со родителите.
Анализата на статистичкиот портал „Ландгајст“, која користи податоци на Евростат, укажува дека младите на Балканот најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители.
Но, за разлика од скандинавските земји, младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Северна Македонија до 32,1, во Хрватска 31,8, во Србија до 31,5, Грција 30,6, а во Бугарија до 30 години.
Меѓу западновропските земји, најдолго со своите родители остануваат да живеат младите Шпанци и Португалци, до 30,4 односно до 29,1 годишна возраст. Младите Британци, пак, се осамостојуваат на 24,6, Германците на 23,9, а Французите на 23,7 години.
Со години состојбата е иста во однос на Балканот.foto freepik.com