La Féerie – “Сценаристи“ за Вашиот совршен настан!
Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2016 10:44
Веќе е 07:00 часот и алармот почна да звони. Се будите. Остануваат уште неколку часа до настанот кој го чекавте толку време, настанот на кој не смее да има ниту една фалинка – кој мора да биде совршен и беспрекорен, сите да уживаат и Вие да бидете среќни. Ова е Ваш ден, мора се` да биде по план. И ќе биде!
Ќе биде ако претходните денови и недели се било внимателно планирано, ако било одбраноидеалното место, просторот соодветно декориран, подготвени сите изненадувања, храната по мерка, музиката спремна и секој детаљ убаво среден и точно поставен. Ако сето тоа сте решиле да го организирате сами, стресот, нервозите и скапите цени веројатно Ви го нарушиле уживањето – но ако сте користеле услуги на професионалци, Ваше е само да се појавите ...и да уживате!
Ова е кратко сценарио кое е дел од секоја свадба, роденден, запросување, моминска или момчешка забава. Ако ова сценарио сакате да биде совршено испланирано и најквалитетно реализиарно, за тоа Ви требаат професионални “сценаристи за настани“, а нив за среќа ги имаме и во Скопје – се викаат “La Féerie”, или во превод – Остварувачи на сонови!
La Féerie е нова македонска компанија која со најголемо задоволство ќе Ви помогне во планирањето, организирањето и декорацијата на сите Ваши важни приватни настани.
Основана од Ивона Христов и Натали Папакоч Илиевска, La Féerie ќе се погрижи Вашите убави моменти да станат совршени, а Вие да бидете поштедени од стресот и нервозите, скапите цени за простор, опрема, осветлување, фотографирање, снимање, кетеринг, музика и се` останато....
“Нашата мисија е да испорачаме совршен настан“, вели Ивона и надополнува: “Ќе се погрижиме да го добиете идеалното место и најдобрите цени за кетеринг, шатори, музика, осветлување и тој простор да биде најубаво декориран соодветно на приликата. Тука сме да Ви помогнеме и за сите придружни работи во подготовката за настанот и специјалните изненадувања. Сакаме да бидеме Ваш партнер во една убава приказна на која со радост ќе се присетувате засекогаш!“.
Во досегашната работа, од LaFéerie се погрижиле за неколку совршено организирани свадби, запросувања и родендени. Како што вели Натали: “Секој наш клиент станува наш пријател и ние сме спремни за тоа пријателство да се грижиме максимално и да испорачаме настани кои ќе не препорачуваат“.
А токму препораките од досегашните клиенти најдобро зборуваат за вредноста која се добива ако се користат професионалци за планирање, организирање и декорација на настани.
“Се поштедив од сите трчања, нервози и договарања за разно-разни работи. Едноставно се појавив во договореното време и ме чекаше прекрасно декориран ресторан во кој се` беше под-конец и моето дете го доби роденденот за кој сонуваше. Тие се навистина остварувачи на сонови. Ем поефтино од досега – ем стопати подобро“ – вели Елена, која ги ангажираше La Féerie за роденденот на нејзиниот син.
Славчо и Јана ги користеле услугите на La Féerie за нивната свадба оваа пролет: “Им благодариме што се толку професионални, мили и посветени. Нашиот голем ден беше совршен и така ќе го паметиме до крајот на животот, а за тоа огромна заслуга имаат и девојките од La Féerie“.
Ако навистина сакаме да имаме настан кој ќе се памети по убаво, не смееме да оставаме на случајноста. Благодарение на La Féerie, сега сите имаме избор – а паметните секогаш избираат професионалци.
Сите оние кои се заинтересирани да дознаат повеќе како La Féerie може да им помогнеза следниот важен настан кој ги очекува, може да ги контактираат на 078/228-900 (Ивона), 078/233-138 (Натали)или преку нивната ФБ страна La Feerie.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА






