Лекарите излегоа на протест-бараат Закон кој ќе ги штити!
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2015
Доктори од јавното здравство денеска со транспаренти во раце „Закон за лекарска дејност“ и „Јас сум Љубомир Огненовиќ“ излегоа на протест во дворот на Клиничкиот центар.
Протестот има за цел искажување на револт како последица на случувањата во здравството и инцидентот со застреланиот хирург.
Докторите велат дека нивната професија се деградира и побараа веднаш да се донесе Закон со кој ќе бидат заштени.
Како што пренесуваат медиумите тие побарале бенифициран стаж, Закон за сестринска и акушерска дејност и систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници, и да се исклучи Мој Термин.
Имено, во текот наредните денови на Клиниката за дигестивна хирургија нема да се извршуваат операции и прегледи освен итните случаи.
Фото: Фокус