13 Септември, 2024
0.0299

ЛЕТНИТЕ ВИРУСИ УШТЕ ПОТЕШКО СЕ ПРЕБОЛУВААТ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Витамин Д, аналгетици и антипиретици се вклучуваат во лекувањето

Објавено во: Македонија 09 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Иако сезоната на грип е одамна завршена, ординациите на општите лекари и натаму се полни со пациенти. Велат има многу настинки, инфекции на респираторниот тракт и стомачни проблеми.

Од вирусите кои опстојуваат и покрај високите надворешни температури, лекарите посочуваат дека најчести се ентеровируси, аденовируси и ротавируси. Истовремено, најчесто регистрирани во текот на летните месеци се алергиите, настинки, бактериска гнојна ангина,габични заболувања на кожата поради одење во влажни топли чевли, цревни инфекции бидејќи високата температура е добар медиум за репродукција на микроорганизми, воспаление на мочниот меур поради влажните костими за капење, воспаление на увото...

Симптомите на летните вируси се сосема слични како на оние кои се карактеристични и за зимскиот период, со течење на носот, висока телесна температура, чешање на грлото, кивање, болки во телото и главоболка. Но, ваквите симптоми, а следствено на тоа и самата болест пациентите многу потешко ги поднесуваат заради високите температури од времето. Летните вируси главно се пренесуваат преку директен контакт со болно лице, преку заразени предмети, храна, вода, но и преку воздух.

Симптоматската терапија вклучува аналгетици и антипиретици за намалување на температурата, суплементи и пробиотици.

Преземањето превентивни мерки, зајакнувањето на имунитетот и правилната хигиена може значително да го намали ризикот од инфекции во текот на летните месеци.

За да се избори организмот со вирусите, без разлика дали е лето или зима, д-р. Маја Панајотовиќ, специјалист по медицина на трудот вели дека е потребно подолго време континуирано да се внесуваат витамини, а посебно значаен е витаминот Д.

-Моите студии покажуваат дека дури 60 проценти или 1 милијарда од вкупната популација во светот има ниско ниво на витамин Д3. Дефицитот на витамин Д е најчест кај постарите луѓе поради намалениот внес преку храната и малата изложеност на сонце. Лабораториски истражувања се повеќе ја докажуваат улогата на витаминот Д во превенција и лекување на многу други болести: превенција и лекување на дијабетес, превенција на хипертензија, зголемено ниво на холестерол, превенција на хронична обструктивна болест, астма, бронхитис, алергиски ринитис, како и превенција од сезонски грип и други заболувања на имуниот систем, појаснува д-р Панајотовиќ.

Според нејзините истражувања, потребните дневни дози од витамин Д се 600IE – 800IE. Кај повозрасната популација и кај луѓето со остеопороза дозите можат  да се зголемат и до 2000IE без никакви опасности по здравјето.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова од Софија порача дека ќе трагаат по компромис, пред операта демонстранти ја пречекаа со пароли

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова од Софија порача дека ќе трагаат по компромис, пред операта демонстранти ја пречекаа со пароли

(ВИДЕО) БУГАРСКИ НАЦИОНАЛИСТИ ЈА ПРЕЧEКАА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПРЕД ОПЕРАТА: Бараат права за Бугарите во Македонија

(ВИДЕО) БУГАРСКИ НАЦИОНАЛИСТИ ЈА ПРЕЧEКАА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПРЕД ОПЕРАТА: Бараат права за Бугарите во Македонија

СРЕДБА ВО СОФИЈА: Радев ја пречека Сиљановска - Давкова без македонско знаме

СРЕДБА ВО СОФИЈА: Радев ја пречека Сиљановска - Давкова без македонско знаме

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ќе трагаме по компромисот без никој да се чувствува повреден и да мисли дека е заборавен

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ќе трагаме по компромисот без никој да се чувствува повреден и да мисли дека е заборавен

ОСОМНИЧЕНИ ЗА МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛ: Полицијата приведе четири лица

ОСОМНИЧЕНИ ЗА МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛ: Полицијата приведе четири лица

ПОВИКА НА СМИРУВАЊЕ НА СТРАСТИТЕ: Радев вели дека политичарите во Македонија треба да се вратат во реалноста

ПОВИКА НА СМИРУВАЊЕ НА СТРАСТИТЕ: Радев вели дека политичарите во Македонија треба да се вратат во реалноста

Владата ги објави имињата на лицата за односи со јавност во министерствата

Владата ги објави имињата на лицата за односи со јавност во министерствата

ГЛАВЧЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара

ГЛАВЧЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Од наша страна нема желба за преговори затоа што нема за што да се преговара

„Кадрите на Села и Ахмети лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле од бизниси со коцкарници“: Вреди велат ќе следува правда за сите

„Кадрите на Села и Ахмети лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле од бизниси со коцкарници“: Вреди велат ќе следува правда за сите